Не сум дама

06.03.2020 14:28
Не сум дама

„Ана, премногу си гласна.“

„Ана, облечи се ко човек.“

„Ана, треба да симнеш некое кило“

„Ана, ти си жена, не смееш да се понашаш така.“

„Ана, пишувањето не е работа.“

„Ана, роди си уште едно дете дур ти е време.“

Имам стрии. Нос искривен од синусит. Огромен газ. Огромни гради. Имам лузни од готвење. Имам брчка среде чело од муртење. Ми е страв од староста, затоа што се третира како нешто гадно. Имам матријархален образец, но патријархатот ме тренира секој ден. Не прекрстувам нозе.

По породувањето, имав панични стравови од смртта, сега само потенцијални. Имам ќерка што нема ниедна кукла, ама има седумдесетина сликовници и книги.

Верувам во себе, ваква каква што сум и не ми е срам да плачам во јавност. Без драма. Не сум дама, дури и да ме нарекувате така.

Слика: Mouni Feddag

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото