На денешен ден родена Валентина Терешкова, советска космонаутка

06.03.2020 20:58
На денешен ден родена Валентина Терешкова, советска космонаутка

 

 На 06 март 1937 година родена е Валентина Терешкова (Валентина Владимировна Терешкова), советски космонаут. Терешкова била првата жена која полетала во космосот со вселенскиот брод „Восток 6“ на 16 јуни 1963 година. Нејзиното патување траело три дена и во тој период ја обиколила Земјата 48 пати, поминувајќи 1.960.000 километри. Тоа било нејзиното единствено патување во вселената.

Терешкова е родена во селото Маслениково, близу реката Волга, североисточно од Москва. Нејзините родители работеле на заедничка фарма. Татко ѝ загинал во Втората светска војна. Го напуштила училиштето на 16 години и работела во фабрика за текстил, но продолжила да се образува преку дописни курсеви.

Терешкова станала дел од Лигата на млади комунисти (Комсомол) во фабриката и брзо напредувала во комунистичката партија. По приклучувањето во еден спортски клуб почнала да се интересира за скокови со падобран, што се покажало решавачко за нејзината идна кариера.

Откако Јуриј Гагарин станал првиот човек во вселената во 1961 ,Терешова се пријавила за Советската вселенска програма. Иако немала никакво искуство како пилот ја прифатиле во програмата поради 126-те скокови со падобран. Во тоа време, космонаутите, враќајќи се на Земјата, скокале со падобран од капсулите секунди пред слетувањето на леталото.

Tренирала 18 месеци, заедно со уште две жени. Тренингот вклучувал и тестови за одредување на психолошката издржливост на долги периоди осаменост, екстремни гравитациони услови и нула гравитација. Од петте жени таа била единствената која била избрана да оди во вселената.

Летот бил мисија во пар. Терешкова го пилотирала „Восток 6“, а космонаутот Валериј Биковски се лансирал во „Восток 5“ два дена порано, на 14 јуни 1963. Двете летала следеле различни орбити и се приближиле на 5 километри едно од друго.

Таа била во леталото повеќе од 70 часа и направила 48 орбити околу Земјата. Гледачите на советските и европските телевизии го гледале нејзиното насмеано лице, и не биле свесни дека летот речиси завршил трагично – факт што бил откриен на јавноста 40 години подоцна.

Грешка во софтверот за автоматска навгација на леталото предизвикал бродот да се оддалечи од Земјата. Терешкова го забележала ова и советските научници брзо развиле нов алгоритам за слетување. Таа слетала безбедно, иако со модринки на лицето.

Слетувањето било во регионот Алтај кај денешната граница Казахстан-Монголија-Кина. Селаните ѝ помогнале да излезе од вселенското одело и ја поканиле на вечера.

Терешкова била прогласена за Хероина на Советскиот сојуз. Ѝ бил доделен Орденот на Ленин и медалот Златна ѕвезда. Станала портпаролка на Советскиот сојуз и исполнувајќи ја таа улога ѝ бил доделен Златниот медал за мир на Обединетите Нации.

ОкоБоли главаВицФото