Марш за женски права: Ти не си виновна!

07.03.2020 15:27
Марш за женски права: Ти не си виновна!

По повод Меѓународниот ден на жената, утре (недела, 8 март), Хелсиншкиот комитет за човекови права заедно со уште 10 други здруженија организираат марш за правата на жените под мотото „Ти не си виновна!“. Маршот ќе започне во 12 часот на плоштадот „Карпошово востание“ во Скопје.

„На 8 Март, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрзоуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, оваа година маршираме под слоганот „Ти не си виновна!“

8 Март е ден кога ја славиме секоја борба, секој глас, секој отпор! Поттикнати од случајот „Јавна Соба“ овогодинешниот Марш за женски права, гласно и недвосмислено го посветуваме на жртвите на родово базирано насилство.

Ве повикуваме да марширате заедно со нас со почеток во 12 часот од плоштадот Филип Втори, преку Камениот Мост, Плоштад Македонија до Паркот Жена Борец, каде што ќе го завршиме маршот со перформанс за поддршка на жртвите.

Се гледаме на марш!“ се вели во повикот до граѓаните да се придружат на маршот.