Пионерки на спортот

07.03.2020 14:57
Пионерки на спортот

 

Нема разлики

На почетокот на 70-тите Били Џин Кинг се бори за тоа да има исти наградни фондови за машки и женски професионални играчи на тенис. Од протест 12-кратната победничка на Гренд слем турнири во 1970-та година основа сопствен турнир, кој подицна ќе стане Женската тениска асоцијација. Во 1973-та година Кинг и нејзините соборци постигнуваат успех: на УС Опен премиите за мажите и жените се изедначени.

 

Против отпорот

Иако налутениот директор на Бостон маратонот се обидува да ѝ го откине стартниот број, Кетрин Свицер во 1967 година како прва жена трча на еден маратон и успешно стасува до целта. Се пријавила тајно. Најголемата дистанца до тогаш дозволена за жени била 800 метри. Неколку години по подвигот на Свицер, жените и официјално добиваат дозвола за учество на маратони.

 

Миленичка на публиката

Велосипедистката Алфонсина Страда во 1924 година се пријавува на Џиро д’Италија. Организаторите мислат дека е маж. Кога се открила вистината таа сепак смеела да учествува, но по неколку етапи испаѓа поради пречекорување на времето, но сепак останува на терен, бидејќи публиката ја обожува. Таа е единствената жена која било кога учествувала на голема велосипедска трка на мажи.

 

Право на летање

До почетокот на 90-те женските скијачки скокови не се дозволени од Светското здружение. Ева Ганстер може да се покаже само како загревање. Во 1997 година Австријката како прва жена изведува скијачки скок. Ганстер си ја заврши работата: женските скијачки скокови се во развој. Од 2011 година има светски куп, 2014 за прв пат е и олимписка дисциплина. Целта е да има женски четири скокалници.

 

Авторитет на теренот

Швајцарката Никол Петињат во 2003 година беше првата жена која судеше натпревар на мажи во Евролигата. Таа е активна и во швајцарската лига. На натпреварите на жени Петињат суди финалиња на европски и светски првенства. И покрај нејзиниот личен пример, женски судии во светот на машкиот фудбал се реткост. Бибијана Штајнхаус е еден од малкуте исклучоци. Таа од 2017 година е судија во Бундеслигата.

 

Со нога на педала

Како прва од само две жени Италијанката Марија Тереза де Филипис се натпреварува на светското првенство во автомобилизам, односно денешната Формула 1. Во 1958 и 1959 година таа учествува на три гран-при трки. По неа истото ѝ успеало само уште на Лела Ломбарди. Меѓу 1974 и 1976 таа 12 пати беше во кокпитот. Од тогаш ниедна друга жена не успеала да влезе во кралската класа на мотоспортот.

 

Сигурен погодок

Кога во декември 2019 последниот дарт ја погодува метата, атмосферата во „Али Пали” во Лондон ја достигнува кулминацијата. Фановите ја слават првата победа на жена на светското првенство во Пикадо. Фалон Шерок, фризерка од Англија, испаѓа дури во третата рунда и докажува дека може да држи чекор и со најдобрите меѓу мажите. Дали и други жени ќе го следат нејзиниот пример ќе се покаже.

 

Да ги зацврснеме жените

Вистински пионер е германскиот тренер за фудбал Моника Штаб. Таа со години го обиколува светот како помошник за развој на фудбалот и организира тренинг програми за жени и девојчиња, особено во земји каде женските права не играат голема улога. „Позитивен фидбек во спортот ја засилува самодовербата”, вели таа. „Тоа ти е потребно за да успееш во животот.”

 

Да ги подобриме мажите

Кога Корин Диакр во 2014 започна да работи како тренер кај францускиот второлигаш Клермонт Фут, не ѝ требаше долго за да ги разубеди и нејзините критичари. Во тоа време поранешниот играч во националниот тим е првата жена што тренира машки професионален тим. Останува на позицијата цели 3 години, но таа е редок исклучок. Дури и многу женски тимови и натаму имаат тренери мажи

Извор: Дојче веле

 

ОкоБоли главаВицФото