Корона вирусот во нашите глави

07.03.2020 16:18
Корона вирусот во нашите глави

Прашајте се дали би го употребиле лекот што сте го купиле од аптека без рецепт, кога 98 отсто би биле сигурни дека тој делува? Дали би ставиле на една бројка на рулет сè што имате заштедено ако веројатноста дека ќе изгубите би била 98 отсто?

Корона вирусот не бара повеќе „мозгање“ од оваа математика. Како генерички припадник на човековиот род, отприлика имате исти изгледи да умрете од корона вирус колку и да добиете во погоре споменатото коцкарско сценарио. Станува збор за вкупни стапки што значи дека ако вашата здравствена состојба не е многу лоша, ако не сте многу стари, или многу мало дете, веројатноста дека ќе ве убие корона вирусот е многу помала, односно блиску до нула.

Тогаш зошто во толку многу земји се воведува карантин, се затвораат границите, училиштата и фудбалските стадиони, заради нешто што е помалку веројатно отколку можноста дека некој од нас, годинава, ќе се удави или ќе биде погоден од молња. Зошто паѓа берзата и зошто масовните електронски пораки на училиштата и канцелариите, насловите во весниците, социјалните мрежи и приватните разговори се преплавени со приказни за нешто што е само еден вид благ до умерен вид на грип?

Нашиот ум го привлекуваат заканувачките наслови со големи, застрашувачки бројки. Во моментот на објавувањето на овој текст имаше вкупно 80 илјади заболени од вирусот ковид 19 во 40 држави. Со други зборови, само 0,0001 отсто од светското население. Заради споредба, во текот на сезонската епидемија на грип, три до пет милиони луѓе ширум светот (0,06%) заболува доволно сериозно за да отиде кај лекар, а многу повеќе случаи остануваат непознати. Од сезонскиот грип, секоја година умираат помеѓу 290 и 650 илјади луѓе што е до 0,008 отсто од светското население.

За да ја сфатиме целосната и многу реалната моќ на корона вирусот, треба да ѕирнеме во зајачката дупка на човечката психологија.

Корона вирусот, сосема едноставно и речиси исклучиво е морална паника во најбуквална смисла. Човечките тела, умови, општества, системи на значење, нормите и моралот еволуирале паралелно со патогените. Денес не знаеме кој кого влечел во тоа мрачно сценарио.

За да ја сфатиме таа чудна динамика, треба да размислиме за очигледната неспособност на припадниците на човековиот род да изведат статистички коректни заклучоци за вистинскиот ризик за епидемијата што ја предизвика ковид 19. Човековата склоност кон игнорирањето на основната веројатност и голтањето на застрашувачките информации е добро документирана. „Предубедувањето на негативноста“ спаѓа во најмоќните однапред програмирани хеуристички механизми: секоја информација која содржи навестување за потенцијална опасност и закана – веднаш ќе го привлече вашето внимание, лесно ќе ја запаметиме и уште полесно ќе ја пренесеме. Кажано со речникот на културолошките епидемиолози, навестувањето на опасност „лесно се учи, памти и пренесува на други“, што значи дека има огромен потенцијал да предизвикување на епидемија на идејата.

Таа особина има јасна еволутивна предност: подобро е да ја прецениме опасноста отколку да ја потцениме. Во повеќето случаи, таквите моментални асоцијации функционираат добро. Знаците кои укажуваат на присуство на патоген, обично автоматски предизвикуваат гадње и така помагаат да ја избегнеме опасноста. Со време сме развиле и можност моментално да реагираме на цела редица визуелни и аудитивни знаци кои ја пренесуваат информацијата за голема веројатност на патогено присуство. Затоа се гадиме од присуство на глувци, стаорци или бубачки, како и од звуци на шмркање.

Меѓутоа, познато е дека таа ментална хеуристика знаее да застрани. Расизмот и ксенофобијата, на пример, исто така, се потпираат на механизмот на откривање на патогени елементи. Јазикот и метафорите кои рутински ги користиме за да го оправдаме моралниот гнев и стравот од другиот, исто така, се служат со метафори за причинители на болести. За непожелните луѓе зборуваме како за „штетници“, идеите на другите ни се „гадни“, стравуваме дека девојките ќе бидат „извалкани“, а свеста на момчињата „заразена“ во допир со „болни“ поединци и групи. Некои студии покажале дека мизофобите и гадливите луѓе обично се политички и идеолошки поригидни.

Тука приказната станува покомпликувана или, поточно, понапната. Општествените науки сè почесто го поврзуваат историскиот подем на општествата кои се одликуваат со „затегнати“ општествени норми и поконзервативни култури со присуство на патогени елементи во животната средина. Заради тоа западните култури се „поопуштени“ од незападните, северните географски ширини не му погодуваат на толку голме број патогени како тропските зони, а напредокот на санитацијата и примената на антибиотиците ги направиле уште поопуштени. Земјите во кои историски постоела поголема количина патогени микроорганизми се поврзува и со помала родова еднаквост и позакостени родови улоги.

Но тоа не е крај на изненадувањата. Смртоносните вируси како мали сипаници, колера, овчи сипаници и грип еволуирале во услови на голема концентрација на луѓе, животни, нивни остатоци и секрети. Поточно, напоредно со нив, под новите селективни притисоци врз луѓето, растенијата и животните кои се припитомувале едни на други во ерата на неолитот, која почнала пред 12 илјади години, еволуирале зоонотички болести (првобитно животински, а потоа пренесени и на луѓето).

„Припитомување“ овде ја означува еволуциската стратегија на видовите кои селективно одгледувааат други видови и ги преобликуваат нивните животни истории за свои потреби. Пред милион години, по припитомувањето на оганот, на пример, нашите предци биле во состојба да запалат големи делови од шумите и саваните за да ги променат моделите на миграцијата на животните за потребите на ловот. Луѓето во неолитот го започнале и трендот на селективно одгледување на растителни видови (просо, жито, ориз), како и животински (кучиња, камили, свињи, овци, крави, кози) за потребите на својата исрана, опстанок и држување на енергијата. Додека растела човечката и животинската популација, на трпезата им се придружувале бранови на непоканети гости – глувци, стаорци, врапци, голуби, а потоа дошле бувите, вошките, крлежите, мравките, мувите, пчелите и другите инсекти. По нив набрзо пристигнале и паразитите, бактериите и вирусите. Антропологот Џејмс С. Скот зборува за тие радикални трансформации како за „доцнонеолитски логори за населување на разни видови“.

Да се потсетиме дека еволуцијата е игра со бројки: на ниво на популација, секој вид тежнее максимално да го зголеми бројот на своите единки на тој начин што ги експлоатира и ги обликува според своја волја слабостите на другите организми во својата околина. Од перспективата, кога се има предвид робувањето на луѓето врзани за плугот во тек на неколку векови, не е јасно кој кого припитомил во неолитот. Судејќи според експоненцијалното ширење и „успехот“ на растителните видови како што се житото, пченката, оризот или марихуаната и според радикалните промени на човековите активности и тела откако овие видови биле усвоени како н=монокултури, би можеле да се согласиме со Мајкл Полан кој кажал дека растенијата ги колонизирале луѓето. Напуштањето на различните извори на протеини и влакна, флексибилните начини на задоволување на животните потреби, како и познавањето на животната средина кое го овозможувал животниот стил на ловџиите – собирачи, за многу кратко еволутивно време, предизвикале големи психолошки проемени и на различни начини му наштетител на човчкото тело. Многумина тврдат дека човековиот род допрва треба да заздрави од шокот предизвикан со преоѓањето на земјоделие, односно на погрешна исхрана која довела до намалување на телесната висин, пропаѓањето на забите и ослабување на коските, како и до огромниот пораст на автоимуните болести и зголемувањето на стапката на умирање од нови патогени. Според друго, цинично гледање, кое тргнува од расипувањето на човечката психологија, норми, општествени улоги, обичаи и модели на миграции и судири, новите патогени очигледно победиле во играта на бројките.

Се покажува дека ковид 19 е многу интелигентен еволуциски противник. Користејќи ги слабостите на човечката психологија, кои селегтивно ги негувале неговите патогени предци, веќе успеа да ни затвори многу училишта, да ја сруши берзата, да ги засили општествените судири и ксенофобијата, да ги промени миграциските модели, а работи и на тоа да нè затвори во хомогени простори кои точно му погодуваат на неговото ширење.

Можеме да кажеме дека ковид 19 е исклучително епидемиолошки успешен токму затоа што не е екстремно смртоносен. На пример, со стапка на смртност од 90 отсто, Еболата е прилично глуп вирус: го убива и домаќинот и себе, пребрзо за да доволно се рашири и го преобликува начинот на живот на другите видови со согласност со своите потреби.

Слики: Zadok Ben-David

Извор: Psychology Today

 

ОкоБоли главаВицФото