Почина шведскиот актер Макс фон Сидов

09.03.2020 15:31
Почина шведскиот актер Макс фон Сидов

Шведскиот актер Макс фон Сидов, кој се прослави со улогите во антологиските филмови на Ингмар Бергман, почино синоќа на 90 годишна возраст.

Тој во својата долга кариера бележи над 100 улоги во филмови и телевизиски серии.

Неговата најславна улога е во „Седмиот печат“ на Бергман од 1957, во кој игра шах со Смртта.

Ја играше и улогата на Исус Христос во „Највеличествената приказна“ (1965), и на проколнат свештеник во „Истерувач на ѓаволот“ на Вилијам Фридкин, како и уметник во „Хана и нејзините сестри“ на Вуди Ален (1986), и во „Дина“ на Дејвид Линч (1984).

Роден во богато семејство во Лунд на шведското крајбрежје, фон Сидов студирал на државната школа за драма пред да се запознае со Бергман во 1955. Заедно работеа на тетарски претстави, но брзо создадоа серија филмски класици кои им ги зацементираа кариерите. „Седмиот печат“ беше снимен истата година како и „Диви јагоди“, следеа „Раб на животот“, „Беснило“ и „Магионичарот“ во 1958 година, „Зимско светло“ (1963) и „Девствениот извор“ (1980).

Стекна нови генерации обожаватели во „Симпсонови“ и во „Екстремно гласно и неверојатно блиску“ (2011), улога за која беше номиниран за Оскар, потоа играше и во „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ (2015) и во серијата „Игри на троновите“.

 

ОкоБоли главаВицФото