Монструозни објекти

22.11.2010 11:27
Монструозни објекти

Можете ли да си ја замислите иднината во која просторите кои ги населуваме се целосно изградени со помош на џиновски 3-Д печатачи или со помош на роботи на кои им се зададени прецизни упатства? Денес речиси е невозможно да се сретнат грешки предизвикани од компјутерите, посебно кога во проектирањето помагаат напредни системи како 3-Д печатење, CAAD системи и ласерско сечење, па дојдовме до степенот кога сите евентуални компјутерски пропусти ги гледаме со чудење.

Но што би се случило кога ваквото проектирање би тргнало во погрешен правец, кога компјутерите погрешно би ги сфатиле своите упатства и врз основа на грешките би произвеле куќи од префабрикуван елементи? Резултат е архитектура која е повеќе од надреална!

За среќа, засега сè уште се работи за принтови на уметникот Мет Фродсам кои оригинално се појавија во швајцарскиот месечник за архитектура Hochparterre. Иако биле замислени според стандардниот облик на куќата, со намера да бидат масовно прилагодени, во процесот на проектирање овие куќи биле изведени со помош на мноштво погрешни чекори. На пример, погрешно биле поставени влошките за печатење, бетонот не е измерен според правилните прописи или печатачот погрешно ја прочитал зададената низа податоци...

Донекаде е иронично како некои од куќите делуваат прилично експресивно и високо дизајнирано докажувајќи, всушност, колку силно влијае фабрикацијата на производството. Иако станува збор за стока со фабричка грешка, тешко дека во иднината, со оглед на цената, ќе имаме избор при купувањето недвижнини. Па така, Zeitguised предвидува дека ваквите куќи би можеле да се најдат во сопственост на сиромашните пензионери кои во младоста биле сквотери.

Извор: zeitguised.wordpress.com

Евтин сензационализам!

Евтин сензационализам! Намерно искривување на оригиналните наслови со цел да се добие инструиран контекст! Мизерен дневнополитички мајмунлак! Голем минус за уредништвото на Окно! Мислевме дека сте поголеми од себе-политиканството :(

Ги обожавам изродбенициве!

Ги обожавам изродбенициве! Зашто они го обожаваат Окно! Најверни, најажурни и најзасегнати читатели! Се разбира, и коментатори! Цмок:)

Кој се бие тај се воли.  

Кој се бие тај се воли.  

 Абе вие сте едни обични

 Абе вие сте едни обични новинарчиња, колумнистчиња или како да ве наречам..

 Јас би ги нарекол копи-пејст

 Јас би ги нарекол копи-пејст новинари од спин-агитаторско-пропагандна проминиенција за еднократна употреба (за среќа, не се рециклираат).

Ние сме, бе, срциња! Орман,

Ние сме, бе, срциња! Орман, цмок и до тебе! Јустинијан, разведри се! Сакаме се’: и сплинот на Париз и спинот на Скопје!

Decki, naslovot stvarno vi

Decki, naslovot stvarno vi nema vrska.... Mislam, covekov si napravil umetnost 'iskrivuvajki ja realnosta' i doveduvajki ja do nekoe nadrealno nivo koe e ubavo potkrepeno i so prikazna, za kontekstot da si bide cel (neli, celo e koga ima se`) ...na pr. slednava opaska e navistina out of any 2014 i slicni momenti: Zeitguised предвидува дека ваквите куќи би можеле да се најдат во сопственост на сиромашните пензионери кои во младоста биле сквотери. 

vo sekoj slucaj fala na informacija, no ne blagodaram na senzacija vo ne-senzacija

pozdrav.
p.s. i trpete kritika, taa ne treba tolku da ve boli ako ima za cel da ve napravi podobri vo idnina

И тебе те сакаме, Тениа:)

И тебе те сакаме, Тениа:) Дупли цмок до тебе:)
Јавујте се слободно! Овде делиме гушки&целови!

Малку ми заличе на Латас

Малку ми заличе на Латас ова... и ако врне надвор крив е Бранко и 1995-та. Ефтинко.

Oва е боље од Скопје

Oва е боље од Скопје Двеиљадичетрнаеста!

Слични содржини

Јавни простори / Технологија
Јавни простори / Технологија
Општество / Јавни простори / Свет / Живот
Јавни простори / Технологија

ОкоБоли главаВицФото