Живот во карантин

14.03.2020 14:02
Живот во карантин

Јоаким Нишлер е прилично активен тип. Тој е директор на хотелот „Lindenhof“, во малото туристичко место Натурно на северот на Италија, во близина на австриската граница. Тој е страствен планнинар и велосипедист. Наредните недели ќе има многу време за своите хобија. Хотелот е затворен заради коронавирусот.

„Немаме повеќе работа. Ситуацијата е навистина тажна. Гостите не доаѓаат или го откажуваат доаѓањето. Инаку имавме помеѓу педесет и шеесет резервации денвно. Моментално немаме ниту една и едвај можеме да ги покриеме фиксните трошоци“, вели тој.

На крајот на минатата недела, германскит институт Роберт – Кох и јужен Тирол го прогласи за ризично подрачје . Нишлер стравува поради тешките и долгорочни последици за регионалното стопанство „Вработените во туризмот, кои мораа да бидат отпуштени се првите што трпат последици од кризата. По нив, на ред се набавувачите и занаетчиите, тие кои не добиваат нови зделки и нарачки за работа. Ако сите луѓе сега и помалку купуваат, на удар е и малопродажбата. Пред сè затоа што нема гости“.

Токму со тоа ќе треба да се соочиме. Како што беше соопштено од Здружението на хотелиери и угостители, целата скијачка сезона во јужен Тирол е прекината пред време – заради коронавирусот. До 3 април прекинуваат со работа и бројните угостителски објекти и операторите на жичарите.

Влијанието врз јавниот живот

Одлуката на тоа здружение е само една во долгата редица на драстични одлуки, кои иминатите денови беа донесени во Италија. Во оваа земја има најмногу смртни случаи по Кина, каде во декември избувна епидемијата на коронавирусот. Откако минатата недела се затворени бројни универзитетити и училишта, а кои ќе бидат затворени до средината на март, владата во Рим, најпрво голем дел од северот а земјата, кој важи за економско срце на земјата го стави под карантин. Набрзо потоа, карантинот и ограничената слобода на движење се воведени во целата држава.

Универзитетите и училиштата ќе останат затворени до 3 април. Зартворени се и кината, театрите, музеите, спортските клубови, забранети се демонстрациите. Оној кој ги крши овие строги правила, може да семета дека ќе се соочи со затворска казна и до три години, или најмалку со парична казна.

Даниела Задра е директорка на спа центар во Мерано во јужен Тирол. Таа вели дека мерките што се спроведуваат можат директно да влијаат врз секојдневното живеење: „Сопствениците на рестораните мора да ги раздвојуваат масите и да се погрижат помеѓу нив да има растојание од најмалку метар и половина“. Тоа значи дека отпаѓа и пиењето еспресе на шанкот. А тоа е типично за Италија. Може да се добие место само на маса, но не и на шанкот, вели Задра: „Во канцелариите се избегнуваат големи состаноци, многу работи се договараат телефонски или по електронска пошта“.

Барања за финансиска помош од Брисел

Италијанскиот премиер Џузепе Конте вербално е многу остар. Во ширењето на коронавирусто тој гледа „национална вонредна состојба“. Во интервју за весникот „Ла Република“, то во понеделникот изјави: „За да излеземе од кризата, мора да се искористат сите човечки и економски средства“.
За решавањето на финансиските проблеми, Конте очекува помош од Брисел. Строгите европски правила за долговите ќе мора да бидат ублажени за да се обезбеди маневарски простор за финансиите. Флексибилноста која ја дозволуваат правилата за буџетот на ЕУ ќе мора во целост да се искористат.

Меѓутоа, мерките што ги спроведува италијанската влада не се секаде пречекани со поддршка. Тоа можеше да се види и од сооптениетона Министерството за правда издадени мината недела, како дел од мерките против ширењето на вирусот, владата со итна наредба го ограничи директниот контакт во затворите, како и помеѓу затворениците и нивните роднини. По оваа одлука, во повеќе затвори избија побуни во кои се убиени шестмина затвореници. Во неколку затвори имаше пожари. Здружението на затворските стражари наведува дека побуни имало во 27 затвори ширум државата.

Да се прекине синџирот на заразата

Во малото туристичко место Натурно, во близина на австриската граница, сепак нема такви драматични испади. Директорот на хотелот Јоахим Нишлер, меѓу жителите досега не забележал претерано купување, како ниту поголеми напади на паника. Меѓутоа, последните денови кај последните гости се гледа голема несигурност.

„Една гостинка беше толку исплашена што дури не сакаше да јаде во ресторанот.. Ќе ја донесовме храната пред нејзината соба, ќе се оддалечевме и ќе ја повикавме по телефон. Ниту навечер не се симнуваше за вечера. Храната ѝ ја носевме на количка за послужување пред вратата на нејзината соба“.

Нишлер позитивно ги оценува строгите мерки кои ги спроведува владата. Преостануваат уште неколку недели до почетокот на ударната сезона за велигденските празници. А дотогаш важи следното: „мора да го победиме вирусот, мора да го прекинеме синџирот на зараза и тоа целосно“.

Извор: Дојче веле на српски јазик