Тајниот живот на инсектите и цвеќињата

14.03.20 14:37

Видеото „Еволуција“, во режија на францускиот видео-уметник Томас Бланшар (Thomas Blanchard), нуди редок поглед врз невидливите движења на цвеќињата и инсектите.

Проектот за макро гледање ги покажува првите знаци на цветање на цвеќињата, десетици нозе на инсекти, кои крцкаат на трошна површина на цветовите и бубачки коишто го фаќаат и гризат својот плен.

Користејќи низа длабоко заситени извори на светлина, Бланшар ги прикажува живописните цветови како се отвораат и инсектите со сјајни тела, додавајќи уметничка нијанса на овој прецизен приказ на циклусите на природата.

Извор: Vimeo

ОкоБоли главаВицФото