Герила акција: Фигури на раце со препораки против коронавирусот

16.03.2020 14:19
Герила акција: Препораки за заштита од корнавирус на плоштад

На плоштадот во Скопје се појавија фигури на раце со табли на македонски и албански јазик со препораки до граѓаните за заштита од коронавирус. Акцијата е насловена „Држете растојание“. 

„Бидете одговорни, држете дистанца и грижете се за своето и туѓото здравје. За некого КОВИД-19 може да значи разлика за живот или смрт“, пишува на таблите. 

Активистите кои ги прават убаните уметнички герила акции велат дека ова е нивен придонес во борбата против ширењето на заразата.

„Преку акцијата сакаме да ги потсетиме граѓаните да ги почитуваат препораките и да се придржуваат до упатствата кои ги издаваат надлежните државни органи. Сметаме дека во оваа ситуација превенцијата е најбитна и затоа преку јазикот на уметноста се обудуваме да ги комуницираме пораките за превенција од ширење на опасниот вирус“, пишуваат активистите.

„Како уметници и активисти не можеме да останеме неми во вакви ситуации и сметаме дека во овие тешки денови секој треба да го прави она што најдобро го знае вклучувајќи ги тука и уметниците и активистите кои преку своите дела можат да влијаат и да го информираат населението за мерките кои треба да се превземаат за самозаштита.

Оваа акција ја посветуваме и подаруваме на медицинските лица и здравствените работници кои деноноќно се борат да го зачуваат јавното здравје. На крајот а согласно препораките на министерството за здравство сакаме да напоменеме дека при изработката на оваа акција не постоеше никаков директен контакт помеѓу членовите на групата туку работевме во фази и секвенцијално, секој човек различна фаза за да избегнеме директен контакт но и за да докажеме дека иако е тешко работите можат да се завршат и на овој начин“, објаснуваат активистите.

Слични содржини

Активизам / Јавни Простори / Екологија
Активизам / Свет / Екологија / Теорија
Општество / Јавни Простори

ОкоБоли главаВицФото