Птиците во Рим

16.03.20 15:24

Фотографот Скендер Калиф (Skander Khlif), кој живее и работи во Минхен, ги документира јавните простори во шекспировски манир дека животот е театар и сите сме актери.

Претставата станува и комедија и драма во неговата неодамнешна серија фотографии насловена „Од Рим, со птици“. Галебите и гулабите заземаат централно место додека летаат меѓу камерата и сцените од уличниот живот на главниот италијански град.

Серијата на Калиф претставува алтернативен поглед на градот кој вообичаено е многу посетен и фотографиран заради својата архитектура.

Во биографијата на својата страница, Калиф споделува дека неговиот интерес за фотографијата започнал со еден училишен проект во неговиот роден град во Тунис. Искуството „го научило за моќта што ја има фотографијата да ја открие убавината во секој предмет“, дури и во римските птици.

Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото