Со дронови против недисциплинираните

17.03.2020 15:59
Со дронови против недисциплинираните

Како одговор на ненадејното зголемување на потврдените случаи на заразени со КОВИД-19, полицијата во Шпанија користи беспилотни летала за патролирање во градовите и ги повикува луѓето да останат во затворено.

Земјата донесе одлука за вонредна состојба во петокот, а во саботата владата им нареди на сите во земјата да останат дома, освен за најнужните потреби. И сега, слично како во Кина, шпанската полиција се надева дека ќе ги засрами луѓето што не ја почитуваат наредбата да останат во затворен простор. Ги предупредува без да им се приближи и да ризикува ширење на болеста.

Снимката од Би-Би-Си покажува како полицијата со звучник ги повикува луѓето да не шетаат низ мадридскиот парк и да си одат дома. Дронот ја пренесува пораката до луѓето кои се надвор и покрај наредбата да се остане во карантин.

Полицаjата што користи дронови за да им вика на луѓето да останат дома, звучи како некое дистописко сајберпанк сценарио  Но, следењето на упатствата за карантин и држењето растојание се најдобрите начини да се запре ширењето на коронавирусот.

Мерките на Шпанија за карантин ги следат оние во Италија, која е најтешко погодена земја од коронавирусот во светот. Вонредната состојба во Шпанија е со цел да спречи состојбата да стане слична како во Италија.

Извор: BBC