Ние сме многу стигматизирачки народ

20.03.2020 15:11

Старец, дете, шири зараза, комуњар, небањат, сидаш, педер, вози скејт, тоа педерите со точацине во хеланки, вратете се од кај што сте дошле да ви ебам гастарбајтерите, Кинези маму ли им ебем, ха ха носи маска, не носи маска идиот, Таљани да им ебам све, музика ќе постираш светот се распаѓа, имате пари за скијање, нек ви цркне бизнисот богаташи итн.

Разбирам дека има бес во ваква состојба, но дали ќе смениме нешто со ваква стигматизација?

Мора да најдеме нов јазик на обраќање. Овој не работи. Загадува и е вирален. Мора да измислиме јазик на солидарност. Јазик кој ќе ја пренесува пораката.

П. С.
Само што слушнав дека на AirBnb не можете стан да најдете. Знаете зошто? Многу од луѓето кои се вратиле од странство изнајмиле станови и НЕ СЕ ВРАТИЛЕ ДОМА. Се ставиле во самоизолација за да не ги заразат најблиските.

За вакви примери никој не пишува.

Срѓан Јаниќиевиќ, Фејсбук, 20.03.20.