1026 hPa
80 %
1 °C
Скопје - Пон, 20.01.2025 15:59
Р.С., ученик во седмо одделение во едно основно училиште во Скопје, добил неоправдан изостанок од наставата, бидејќи не успеал да го најде далечинскиот управувач за смарт ТВ, поради што бил отсутен од првиот час после Дневникот.
Тој вели дека направик сѐ во негова моќ да го пронајде далечинскиот.
- Помалиот брат си играше, гледаше Јутјуб и го затурил далечинскиот. Го барав повеќе од половина час. Сѐ ми беше спремно, и тетратката, и лењирот, и моливите - но џабе. Во секој случај ќе надоместам на дополнителната настава – мајка ми ми рече дека преку провајдерот имаме до 72 часа враќање програма.
- Како што дознаваме, неговиот другар од клупата, К.Т., добил неоправдан бидејќи се успал. Овој изостаник нема да биде оправдан, рече директорот на МТВ.
Извор: Њуз