Дали летото ќе го убие вирусот?

21.03.2020 14:40
Дали летото ќе го убие вирусот?

„Тешко е да се замисли дека светот нема да биде трајно променет поради короноавирусот“, пишува Холден Торп, уредник на угледното списание „ Science“, додавајќи дека сè уште не знаеме дали, како што се случи по 11 септември или финансиската криза, животот по епидемијата ќе се врати во нормала или ќе се трансформира на начини кои не можеме ни да ги замислиме. „Успехот на научниците ширум светот ќе одреди какво сценарио нè чека“, објаснува Торп.

„Никогаш нема да се вратиме во нормала“, пишува Гидеон Личфилд, уредник на научно-технолошкото списание „MIT Tech Review“, реагирајќи на мрачните проценки за тоа колку долго ќе мора да траат епидемиолошките мерки и колку ќе се промени светот за тоа време. Некои предвидувања се надеваат на многу пооптимистички исход. Според новите истражувања на Универзитетот Беиханг во Пекинг за распределбата на нивото на ризик од ширењето на заразата во јули 2020, се навестува можно повлекување на пандемијата во текот на летото.

Што навистина нè чека во месеците што следуваат? Ако според Чарлс Розенберг, славниот историчар на медицината, сега настапил вториот од трите чинови во драмата на една епидемија (во третиот излегуваат сите нејзини духови и сите наши оружја). Сега кога и календарски дојде пролетта, а противникот го сретнавме и веќе не се однесуваме како да е смешен или како да не постои, настапува чинот кој ќе го одреди не само исходот од битката со овој нов и непознат непријател, туку и ќе покаже какво е навистина човечкото општество. Иако таквото видување е популарно, сликата за тоа не мора да биде ниту мрачна, ниту непријатна.

Како и да се постават работите на сцената, без сомнение во наредните седмици, главната улога ќе ја имаат лекарите и медицинскиот персонал врз кои паѓа главниот товар да го одржат фронтот и тоа во сите држави. Меѓутоа, сценариото ќе го пишуваат научниците, вели Торп. Затоа забрзано се собираат сите трошки знаење, случајните траги кои ги оставаат заразените, слабостите кои ги покажува вирусот, статистиките и праксите кои секојдневно стигнуваат од болниците. Научните списанија ги објавуваат во динамика што никогаш досега не била видена, од ден во ден, така што брзо стануваат достапни за сите. Историчарите на науката за март 2020 година, веројатно ќе зборуваат како за период на научна продукција без преседан во човечката историја.

Некои резултати во од ја менуваат целокупната слика, во моментот кога во Србија е вовоедена вонредна состојба, списанието „Science“ објави труд, кој на научните новинари ширум светот им беше проследен со назнака: „COVID-19 Addition for Immediate Release" (за објавување веднаш). Се работи за статистичко истражување на меѓународна група научници кој ја предводи Руијун Ли, засновано врз податоци од раните фази на епидемијата во Кина и кое одговара на едно од најчесто поставуваните прашања: Колку всушност има навистина заразени во однос на бројката на регистрирани случаи?

Резултатот нумерички го покажува она што го наслутувавме, дека има значително повеќе заразени од бројот на регистрирани случаи. Се покажало дека и во Кина, пред воведувањето на целосна забрана на движење, имало дури 86 отсто заразени кои не биле документирани, а допринеле за ширењето на заразата. Тоа значи дека меѓу 100 луѓе заразени од вирусот, со тестови или друга дијагностика се документираат само 14 заразени.

Уште во јануари, во рекорден рок, кинеските научници го дешифрираа геномот на новиот вирус и податоците ги доставија до лабораториите ширум светот. Тоа е основа за тестирање на заболените кои моментално се спроведуваат, но и за вакцината која се развива во најдобрите центри во светот. На многу места веќе започна тестирање на луѓе, за што постојано се известува, но не треба премногу да се надеваме дека тоа може да биде завршено до крајот на годината. Во меѓувреме, има индикации за можни терапии: престижното списание „Nature“ објави две статии за потенцијалната ефикасност на лековите против маларија во лекувањето на КОВИД-19. Светот би можел да биде спасен на тривијален начин ако навистина лекот Hydroxychloroquine, кој во Африка е достапен во секоја трафика, делува на оваа болест.

Повеќето слични откритија е заснована врз искуствата од Кина. Направени се стотици студии и анализи на податоци за заразените во Вухан и во другите кинески провинции, од оние што се занимаваат со старосните групи (благодарение на кои знаеме дека луѓето постари од 60 години се значително повеќе загрозени од помладите), до оние поконтроверзните кои ја поврзуваат крвната група со ризикот за заболување (според тоа, групата А, наводно, е најзагрозена, додека најмалку заболени во Кина имало луѓе со 0 крвна група).

Но, меѓу други вакви сознанија, клучни би можеле да бидат резултатите од истражувањата на Империјал колеџот кои се оценети како шокантни, или барем вознемирувачки. Истражувањето кој го водел Нил Фергусон од овој универзитет привлекува многу внимание, се споделува насекаде со забелешката „прво седнете, па прочитајте го ова“, а на него не останаа имуни ниту политичарите. Истражувањето користи статистички модел во кое главната улога не ја игра бројот на заразени, туу еден покорисен параметар – бројот на луѓе на кои им е потребна интензивна нега.

Во Америка и во Британија, резултатите на Фергусон, кои покажуваат дека сите други мерки послаби до изолација и 75 отсто социјално дистанцирање (каде секое лице на 4 средби со други луѓе исфрлило барем 3) предизвикуваат мрачна возбуда и доведуваат до притисок врз здравствениот систем кој е 7-8 пати поголем од капацитетот на најразвиените држави. Интригантни се и наодите кои во моделот на Империјал колеџот навестуваат дека таква вонредна состојба мора да трае повеќе од една година, зашто ако трае пет месеци, без оглед на режимот мерки што се спроведуваат, во овој модел, епидемијата се враќа во есен-зима 2020 година (независно од тоа дали коронавирусот ќе мутира).

Но, не мора сè да биде толку мрачно. Иако пред вакцината ништо не е готово, не е исклучено дека со моменталниот интензитет на работа во науката, во од ќе се смислат нови решенија. Историјата кажува дека во услови на потреба – се случува токму тоа. И самото истражување на Империјал колеџот нуди едно можно решение – старт ап метод за воведување и укинување на вонредна состојба во зависност од бројот на луѓе на интензивна нега.

Некои студии покажуваат дека ситуацијата дури би можела и да се промени заради доаѓањето на летото. Иако на почетокот немало знаци дека новиот коронавирус е многу чувствителен на топлината, истражувањето на тимот од Универзитетот Беиханг во Пекинг тргнало во друга насока и покажало дека летото би можело да има влијание. Оваа студија меѓу податоците за заразените во Кина пронаоѓа и го анализира преносот на болеста, односно двојките луѓе што се заразиле едни од други, за да, потоа, го анализира тоа на речиси генијален начин. Со оглед на тоа што постојат метеоролошки податоци за местата кадешто се случиле овие преноси, истраживачите пронашле меѓусебна зависност на интензитетот на пренесувањето на болеста и температурата и влажноста во градовите каде дошло до зараза.

Се покажало дека заразноста на коронавирусот опаѓа со температурата и влажноста, Овој наод овозможил да се проектира тнр. репродуктивен број (кој моментално е 2,4 во оваа епидемија што го покажува бројот на лица кои во просек ги заразува еден заразен) на цела планета во март, 2020 година. Мапата на ширењето на заразата покажува дека среде лето заразноста на вирусот значително се намалила. Ако навистина се покаже дека коронавирусот, тоа грдо суштество на граница помежу живото и неживото, не е љубител на летото, тоа ќе биде слабоста која ќе го порази неговиот поход против човекот.

Карикатури: Marian Kamensky

Извор: naukakrozprice.rs

 

ОкоБоли главаВицФото