Корона

21.03.2020 16:11

Есента од рака ми го зоба својот лист: пријатели сме.
Од оревот го требиме времето и го учиме да оди:
во лушпата времето се враќа.

Во огледалото е недела,
во сништата се спие,
устата кажува вистина.

Окото ми се спушта до полот на љубената:
се гледаме,
себе си ја говориме темнината,
се љубиме меѓусебно како мак и помнење,
спиеме како вино во школки,
како море во крвав месечев зрак.

Прегрнати стоиме во прозорецот, нè гледаат од улицата:
време е, да се знае!
Време е, каменот да се приклони кон цветањето,
немирот да бие со срцето.
Време е, да биде време.

Време е.

Превод: П. В.

Оригиналната песна

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото