Дома не е исто за сите

21.03.2020 21:41
Дома не е исто за сите

 Се извинувам, ако може само да споделам дека „формалната“ италијанска иницијатива за лична одлука/одлика на грижа за себе и со тоа - грижа за други беше #останувамдома (#iorestoacasa). Не #останидома или како што најчесто се користи #седидома.

Имено, не во второ лице еднина и не во императивна форма, не како овие чудни изнасилени обиди (напати помодарски) што ги сведочиме, а од неодамна лизнаа кон застрашувачка желба за полициски час.

Граѓаните поорни од Владата да стиснат на црвеното копче, оти еве, Владата по прогласувањето на вонредната состојба нагласи дека истава не значи автоматско целосно ограничување на движење, дури прецизираа: до 5 лица заедно на јавен простор со потребната дистанца 1-2 метри.

Дополнително, група британски научници апелираат со јавно писмо дека одредени физички активности надвор, пак со потребна дистанца, се дури и пожелни.

Дома не е исто за сите, како беше некаде истакнато: романтизирањето на изолацијата е привилегија.

За некои дома е насилство.

За некои просторот во кој се наоѓаш нужно не е домот, па дури домот е можеби во друг град или преку сега веќе затворени граници.

Домот е потреба од другиот. Уште едно потсетување дека сме социјални бивства.

Ни треба одговорна социјална дистанца и доверба во другиот, во неговиот капацитет за само-организирање!

На фотографиите се уметничките објекти на Obvious Plant 

ОкоБоли главаВицФото