Најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино

23.03.2020 14:34

Се сретнале еднаш
под ова небо сино
најмалиот џин Џуџо
и најголемото џуџе Џино!

– Колку си мал!
Џино на Џуџо му рекол.
– И ти не си поарен!
веднаш Џуџо го пресекол.

– Ајде да се мериме
си рекоа тогаш сложно,
џин да е помал од џуџе
дали е тоа можно?

Зедоа еден метар,
купија и голема вага,
леле, бројките збрлавеа,
верувајте, не е лага!

И така до ден-денес
расправа за нив се води:
поголемо џуџе кој е
и помал џин дал’ ќе се роди?

 

Слични содржини

Секој ден песна
Книжевност
Пандалф Вулкански
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото