Микрокосмос

24.03.2020 16:24

Кога почнаа да гледаат низ микроскоп,
ужасно дувна и до денес дува.
Животот дотогаш си беше доволно луд
во своите димензии и облици.
Но, беа создадени и некакви малецки суштества,
некакви мушички, црвчиња
кои и со голо човечко око
можеа да се видат.

А овде, под стакленцето,
сè е крајно поинако
и веќе толку малецко
што од него заземениот простор
само од сожалување може да се нарече место.

Стакленцето тоа дури не го ни притиска,
туку под него неограничено се дуплира и триплира,
крајно слободно и произволно.

Да се каже дека од тоа има многу - премалку е.
Колку микроскопот е посилен,
тоа побрзо и попрецизно се зголемува.

Тие суштества немаат дури ни пристојна утроба.
Не знаат што е тоа пол, ни детство, ни старост.
Можеби дури не знаат дека ги има - или дека ги нема.
А сепак одлучуваат за нашите живот и смрт.

Некои од нив се кочат во моментно мртвило,
иако не се знае што е за нив момент.
Бидејќи се толку малецки,
можеби и постоењето
за нив е соодветно уситнето.

Зрнцето полен носено од ветар спрема нив е метеор
од длабокиот космос,
а отпечатокот на прст - простран лавиринт,
каде што можат да се собираат
на своите глуви паради,
на своите слепи илијади и упанишади.

Одамна посакував да пишувам за нив,
но тешка е тоа тема,
постојано одложувана за подоцна
и веројатно достојна за подобар поет,
позапрепастен од мене со светот.
Но, времето ита. Според тоа, пишувам.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото