EУ донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија

24.03.2020 16:47
EУ донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија

„Задоволен сум што земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји. Со ова е испратена силна порака за Западен Балкан: вашата иднина е во ЕУ“, напиша Вархеји.

„Во исклучително тежок момент за нашата држава, за Европа и за целиот свет, денес од Брисел ни пристигна убава и долгоочекувана вест. Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската Унија. Стигна верификацијата за успехот на нашите напори. За истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции да ги спроведат реформите кои ги поставивме како наша цел уште во 2017 година. Успешните реформи ја кренаа бариерата. Патот ни е отворен и единствената насока е само напред. Стигнавме до точката каде се гледа дека нашата перспектива е во ЕУ. Тоа е точка од која враќање назад нема“, рече премиерот Оливер Спасовски.

И претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја сподели веста на социјалните мрежи.

„Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија.