ГОДИШНИ ВРЕМИЊА

26.03.2020 17:00
ГОДИШНИ ВРЕМИЊА

Негде помеѓу љубовта и смртта, помеѓу присуството и отсуството, мешајќи, на моменти непрепознатливи, чудни некои синоними помеѓу себе. Текстот на Величковска е како доаѓање на некој одамна заминат пријател, кој се враќа да потсети со доза носталгија на она што било, без кое она што е, не би можело да биде.
Мерсиха Исмајлоска

 

„Годишни времиња“ е книга за сеќавањето како раѓање одново и мисловен премин низ сите животни етапи во тесното пространство на еден автобус. Човекот навистина се прикажува како една мала вселена со индивидуални катаклизми и решенија. Точка околу која се пластат безброј слоеви, но и во која сѐ е подредено според космичкиот модел.
Ива Анастасова (Бугарија)

Роман, кој не само што може да се чита, туку може и треба да се доживее со сите сетила и со сите хистерии и терапии на детството. Роман, кој треба да се прегрне како дете и во него истовремено да се бара и детето и жената. И архетипот и трипот, фолклорот и рокенролот.
Душко Крстевски

„Годишни времиња“ е еден фрагментарен роман – составен од свои и туѓи приказни, стихови, песни, спомени. Започнува со спомени, се префрла на психоанализа и завршува со филозофски заклучоци. Во него се инкорпорирани и цели текстови на песни. Тоа е еден автобиографски, музички роман на текот на свеста.
Иван Христов (Бугарија)

ПрилогГолемина
Преземи8.73 MB

ОкоБоли главаВицФото