Двата мајмуни на Бројгел

26.03.2020 21:42

Вака изгледа сонот за мојот матурски испит:
На прозорец седат две мајмунчиња врзани со ланец,
зад прозорецот трепери небото, се капе морето.
Испит за историјата на човештвото.
Пелтечам и барам зборови.
Едното мајмунче, втренчено во мене, иронично ме слуша
Другото се чини заспало –
А кога по прашањето следи молк,
Ми помага да продолжам
Со нежен звук на ланецот.

Превод: Анета Георгиевска Шајн

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото