Студии на пријателството

28.03.2020 14:55
Студии на пријателството

Борјан Заревски е роден во Скопје. Живее и работи во Париз, Франција. Студирал филозофија, класични студии, теологија, антропологија и визуелни уметности во Скопје, Белград и Париз, каде што не подлегна на дидактичната психоанализа.

Соработувал со Фред Форест, Марк Вејра, Жак Барбо, Олга Киселева, Винсен Дулом, Ивана Самандова и други. Изложуван онлајн и офлајн, андерграунд, во галерии и културни центри.

ЗА ВИДЕО ФИЛМОВИТЕ ОВДЕ ПРЕТСТАВЕНИ

„Зборувај како ќе ти дојде, и онака никој не слуша, па ниту ни ти самиот“ – ќе биде употребено како методологија, далеку од анти-интелектуалноста: го цитирам Витгенштајн – речиси неверојатно: некој што никогаш не го читал Аристотел – како паратекст за неколку видеа.

Ако знаеме дека од вкупното годишно производство на книги во Франција, на поезијата „отпаѓаат“ три проценти, ако знаеме дека три промили од „артистите“ се заинтерисирани за видео арт – статистики од телевизии што дуфузираат видео арт – информацијата ќе го олесни пристапот кон мојот пристап кон оваа серија на видеа.

Серија на епистоларност: секое видео конкретно е наменето на конкретен, со точна IP адреса, виртуелен пријател кој „прави“ дигитална уметност, пријатели коишто не ја презентираат својата работа систематски на нивните социјални ѕидови – вид на хаотичен поздрав, или дел од една сеуште непостоечка гранка на антропологијата: friendship studies. Поздрав на нивните дигресии. На нивните бубачки, jumpcuts, гличови, коишто, често алеатоарно, ги хипертрофирам.

Со тој пристап, презентацијата на овие видеа на било каква анонимна, генерална, публика е можеби, и веројатно, противречна. Секое видео може да го „согледа“ само единствената адреса.

Секоја дигитална техника што ја познавам, да ги присвојам, употребам како сировина, и трансфмормирам во артФорк – раскрсница или разделба, да се замине во друг, независен од копирајт, копилефт или копивронг рестрикциите: машап, глич, пиксел сортинг, датамош (дата моќ: сугестија на автокоректорот) е употребена без да е возможно да се контролира самоконтролата.

Видеата не се направени да се гледаат внимателно, туку со невнимателно, левтерно внимание, Gleichschwebende Aufmerksamkeit / Attention Flotante... во позадината на пријателската средба во различни рамки, од кои White Cube не е најприкладната. Ниту пак онлајн. Џезерски, ириверентен сетинг е подобар, уште подобро со друга серија. „Естетиката“ е независна од било каква „артистичка интенција“, поврзана е само со пренасочени алгоритми, кодирање и декодориње на различни видови на компресија: вид на елиминација и контрола на повторливото, слична на апстракцијата. Само слична: во лебдеечкото внимание, тука и таму, понекој индивидуален, приватен елемент би можел да предизвика „испад“, да предизвика лично внимание, желба за архивирање, одговор, вид на протеза за понатамошен дигитален живот.

 

ОкоБоли главаВицФото