Фејми Даут од „Медена земја“, снима документарец во Вухан

28.03.2020 14:20
Фејми Даут снима документарец во Вухан

Еден од двајцата директори на фотографија на „Медена земја“, Фејми Даут е во Вухан, Кина, жариштето на пандемијата. Снима документарен филм во американско-кинеска продукција. Тој за „Само Прашај“ пренесува каков е животот во местото каде се појави новиот коронавирус.

Со филмската екипата се единствените странци во деветмилионскиот град кој е затворен од 28 јануари.

И покрај целодневните снимања, тој во видео јавувањето со елан пренесува како изгледа градот на духови и што значи изолација на кинески начин: задолжителни маски и ракавици, танцувања на отворено за да се крепи духот и чување на сопственото и здравјето на другите.

Содржината ја изработи Институтот за комуникациски студии. Новинарка: Ана Зафирова; монтажа: Ристо Душковски.