Генијалниот композитор Кристоф Пендерецки почина на 86 години

29.03.2020 18:26
Генијалниот композитор Кристоф Пендерецки почина на 86 години

Славниот полски композитор и диригент, Кристоф Пендерецки, почина на 86 години, по долго боледување.

Роден во Ресцов, Полска, во 1933 година, Пендерецки беше важа фигура во современата музика и неговите композиции допираа до милиони преку славни филмски музики, вклучително и „The Exorcist” на Вилијам Фридкин, „The Shining“ на Стенли Кјубрик и „Wild at Heart“ на Дејвид Линч.

Прокламираната цел на Пендерецки како авангарден уметник во раните 1960-ти беше „да го ослободи звукот од секоја традиција“. Неговoто силно емоционално експериментално дело од 1960 „Threnody to the Victims of Hiroshima“ го направи меѓународно влијателен и признаен на само 26 години. Во својата долга кариера тој пишувал и опери, хорски дела и концерти, и освоил бројни награди, вклучително и четири Греми награди, од кои последната за најдобра хорска изведба во 2016.

Еден од наговите најпознати обожаватели е Џони Гринвуд од Radiohead, кој соработувал со композиторот во 2012. „Неговите дела се склоп од така прекрасни звуци“, вели Гринвуд. „Мислам дека многумина можеби мислат дека делата му се остро дисхармонични или болни за ушите. Но поради коплексноста на она што се случува - особено во дела како 'Threnody' и 'Polymorphia', и начинот на кој звуците отскокнуваат низ концертната хала, кога сте таму тоа се претвора во прекрасно искуство. Тоа претставува прослава на толку многу луѓе кои создаваат музика заедно и си воодушевен што го гледаш тоа.“

 

Извор: Гардијан