Примитивизмот и незнаењето не се победуваат со казни

30.03.2020 10:38
Примитивизмот и незнаењето не се победуваат со казни

Која е логиката да се затворат зелените пазари?

Тие се на отворено.

Има многу помала гужва отколку во маркет.

Обезбедуваат здрава храна за најголем дел од населението.

Обезбедуваат преживување за голем број луѓе.

Научете ги луѓето да се однесуваат; не затворајте.

Објаснувајте, не забранувајте.

Поставете големи натписи, не казнувајте.

Поставете средства за дезинфекција пред пазарите.

Поставете луѓе кои ќе кажуваат и предупредуваат.

Повторувајте, повторувајте, повторувајте.

Примитивизмот и незнаењето не се победуваат со казни

Вонредна состојба - да.

Алертираност на заедницата - да.

Мерки за информирање на граѓаните - да.

Осмислени ограничувања - да.

Тестирања - да.

Изолација на заразени или потенцијално заразни - да.

Ама да си играш полициска држава и да ги затвориш сите по дома и со бесмислени мерки да ја блокираш заедницата - не.

Не мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе беа подобри во справувањето со епидемијата. Напротив. Мислам дека ќе беа полоши. Многу полоши.

Меѓутоа, тоа не оправдува ад хок, кнтрапродуктивни и неконзистентни мерки. И посебно не оправдува дискриминирачки мерки.

Како што кажав и порано: мерките мора да бидат прилагодени на реалните состојби во заедницата, а не да се создава илузија на заштитеност, и, со тоа само да се нарушува нормалното функционирање на државата.
Кина можеше да изолира цела покраина, затоа што надвор од таа покраина имаше кој да работи и кој да ги издржува (да не зборувам сега за прекршувањата на човековите права кои се направени во текот на изолацијата).
Ние не можеме да ја ставиме под карантин цела држава. Премали сме, луѓе.


 

ОкоБоли главаВицФото