Цвеќе за Лиза

31.03.2020 12:48
Цвеќе за Лиза

 

Наместо на сопругата да ѝ подари цвеќе за роденден, како што главно претходно правел, фотографот Абелардо Морел одлучил да избере нешто што ќе трае подолго. Да речеме, фотографија на цвеќе.

Овој роден Кубанец кој живее во Бостон, почнал така што направил мртва природа со букет од разнолико цвеќе. Ја снимил фотографијата, потоа го преуредил цвеќето и снимил друга фотографија. Тоа го овторил 20 пати, а потоа ги споил снимките во единствен слој.

Мртвите природи што прикажуваат цвеќе се класична фотографска тема. Но, Морел е познат по еден друг, сосема особит фото пристап: камера опскура, техниката со која во мрачна просторија низ малецок отвор се проектира превртена слика врз подлога. Овој посебен пристап тој го претворил во проект и го нарекол „Цвеќе за Лиза“. Тука видел панса да ја прошири сопствената креативност и да осмисли подароци за сопругата, Лиза Мекелејни.

Морел проектот со цвеќе исто така го видел како начин да им оддаде признание на своите омилени уметници. Ги користел цвеќињата и латиците за правење надреални облици на луѓе и места, како и за величање на делата на Клод Моне, Жорж Брак - дури и на филмовите на Алфред Хичкок.

Секоја слика служела како инспирација за создавање друга. Морел се потсеќа: „Си помислив, ако умеам да ја направам оваа, можам да направам уште една.“ Серијата ја окончал во 2017-та, после четири години, со 76 слики обединети врз основа на цветниот медиум, но раздвоени со дивите гранчиња на оригиналноста.

Овие букети одамна се претворени во ѓубриво, но снимките продолжуваат да живеат во книгата од 2018-та, „Цвеќе за Лиза: Делириум на фотографската инвенција“, мкоја всушност е хроника на проектот. Во поговорот Мекелејни ја опишува разликата меѓу нејзиното и Мореловото сфаќање на сликиве: „Јас ги доживувам како спомени, позитивен доказ дека е стварно она што нè врзува“, пишува таа. „Ејб ги третира како алатки за негување на полињата на љубовта и приврзаноста.“

Пејзажот Морел го проектирал врз една стара врата.

Повеќекратната експозиција на сликава ѝ дава изглед на акварел. Софтверот за обработка на фотографии му овозможил на Морел да направи слој од бројни, за нијанса различни снимки на ист букет, та така да створи еден нестварен ефект.

Морел согледал дека во холандското сликарство од 17 век често се прикажуваат вазни на несигурни места. Тој врз позадината нафрлил цвеќе, а потоа сцената ја поставил во перспектива за да претстави како цвеќето паднало на земја.

Од иверица и ружини латици Морел направил профил на својата ќерка Лара

Фотографијава се вика „После Хичкоковата вртоглавица“; букетот многу личи на оној од класичниот филмски трилер од 1957-та.

Flowers for Lisa #6


Линк до проектот
FLOWERS FOR LISA
Извор за текстот: National Geographic, февруари 2020

ОкоБоли главаВицФото