Црно море

31.03.2020 15:22

Сите наши води
Брзаат накај тебе,
Црно море.
Росата утринска
И вечерните луњи
И сите извори
Жуборат во тебе,
Татарско море.
Сите снегови и лавини
И сите поплави
Брзаат во тебе,
Турско море.
И со нив се одронува
Нашата добра земја
И со светата пепел наедно
Паѓа на твоето дно,
Византиско море.
А со нашата земја
Во тебе се таложат
Телата наши,
Бездушно море.
Во твоите сме веќе агли
И во твоите изестливи риби,
Дел од твојата длабина сме веќе,
Црно море.

Препев: Гане Тодоровски

Едвард Коцбек (1904-1981) — словенечки писател, партизан, теолог...

Повеќе

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото