Шизолација

31.03.2020 16:54
Шизолација

 

Дали некој што ја предвидел пандемијава е далеCOVID?


Ако ова е очекуваната апокалипса, каидае би требало да има онлајн предавање од Јуда.


Ги гледаш нививе? Ова порано све беше дискотеки и кафичи.


Божееее колку време поминало отпрееска.


Нејќам да искочам, само сакам да знам дека можам.


Се спакував чисто ради филингот.


Не можам сега, глумам викенд.


Ми се свиѓа кај стресот тоа што не бара припрема.

Ве молам да останеме присебни во кризава и да се воздржиме од доаѓање до израз.


Лежечи полицаец работи од дома.


Кога јагнињата ќе кивнат.


Глобално затапување.


Да не е премногу да бараме и живот и интелигенција?


Ти земав брис од фб статусот. Под итно на антидиотик.


- Не госпоѓо, коронарно заболување не е корона вирус.
- Уф, добро е.


Ти им викаш не праќај децата кај бабидедовци, они ти викаат немаат гајле децата не се разболуваат.
В Н У К О Ј Е Б И Н А.

- Оти не ѝ даваш на мајка ти да те рани?
- Оти сум неранимајко.


Сега е одличен момент да се пушти во оптек донер со 2-3 мевца во него, со име Working class гиро.
Може бе, може и со леноново семе во него.


Survајвар.


- Ајваров е расипан.
- Од кај знаеш?
- Со такво друштво е.


Какви јагоди во зима бе, тоа само на фил го има.


Не зимај од брашното, за гости е.


Се сеќавам, кога мајка ми ќе ме пратеше по брашно, секогаш се враќав со погрешен тип.
(Будимка Поповска)


Не сум гладна, ама можам да се зајадам.


А да се прогласиме за морални победници над вирусот?

Слики: Брадестиот Џо

ОкоБоли главаВицФото