Тоа што се случуваше ме излудуваше

01.04.2020 12:05
Тоа што се случуваше ме излудуваше

Тоа што се случуваше ме излудуваше. Беше тоа најдолгата недела во мојот живот. Маски и ракавици и една ужасно параноидна треска со вознемирени и исплашени граѓани. Страв од смртта и тишина. Смрттна тишина, редици пред дуќаните за храна и аптеките. Секакви вести и шизофрени теории. Беше очигледно дека глобалниот пендрак игра насекаде. Но, каков ќе биде расплетот? И дали има расплет, ако секоја апокалипса е лична. Сигурен сум дека некаде на Малдивите има забава. Не е можно сите места на планетава да се отруени од машинериите на длабоките држави. Сеачите на заговори ликуваа по мрежите. Изолацијата трае веќе подолго време.

Вирусов што сега го рекламираат не е ништо туку обид да се создаде една целосна парализа и шизофреност врз масата и да се роди непријател што не може да се види. Да излезат на виделина сите оние ситни административни молекули што го сочинуваат општеството. Сите да дојдат до збор појавувајќи се по медиумите: требало ова - требало она. Да се престројат сите изгубени души во себичната алка на ситнопрофитерскиот круг. И да патуваат само одбраните. Да се замени едно зло со друго. А како тоа да се направи освен со страв? Требаше да се посее страв и наместо да се умре да се донесе чувството за смртта. Архетипската слика за чумата и помислата дека никогаш нема да биде исто. А сепак сите знаат дека секогаш е исто.

Додека овие мисли минуваа низ мојот ум, Ел Нињо и понатаму буричкаше по хартиите, сметководителите избезумено се спремаа да го подготват месечниот извештај, животот мораше да се тркала и понатаму. Земјата се радуваше на човечката болка. Кинезите триумфираа, Русите аплаудираа, Американците се иритираа, Европјаните се скрија во мечкина дупка, Арапите чекаа салеп, а човечноста отиде по ѓаволите. Останаа некакви лажни, неубедливи славења на херои кои едноставно се затекнале на своето работно место, внимателно менувајќи ги маските и ракавиците во обид да останат живи. Сепак, сите чувствуваа дека иднината се дели од минатото. „Ништо повеќе нема да биде исто“, ми реков на Ел Нињо, а тој одговори:

- Еее, па ете Ќамил, виде што направија твоите ложи, ни го сурдисаа вирусов на сета немаштија.

Иако целиот бев пожолтен после многудневната голгота и карантинот, иако навидум сеуште здрав, се чувствував изнемоштено. Стоевме на балкон, со Ел Нињо и Стронциум.

Им реков:

- Размислував цело време во изолацијата, и некако ме фати страв. Не на оној обичен начин, туку страв да не умрам трезен. Иако умирањето само по себе не треба да биде нешто неочекувано, на некој начин сите сме неимуни на таа помисла. Секако, и понатаму ќе си го лажам умот. Сигурно дека ме тангираат локално-глобалните пљампања и полицискиот час. Но, решив цело време да излегувам без маска, осамен, против сите, да се заразамм и ете да заврши целава маскарада. Како да треба за некого да живеам?

За тоа време, Вухан, градот од единаесет милиони луѓе, веќе не покажуваше знаци на епидемија. Но луѓе и понатаму умираа. Пазарите за продажба на глувци, змии, лилјаци, сушени мајмуни, верверички во сос, павијани со арома на запалена гума - повторно проработеа. Животот се враќаше во нормала во Кина.

Ел Нињо погледна во календарот и забележа дека е 31 Март.

- Помина месецот, Ќамил, кучешкото месо испадна промашена инвестиција. Туку како тоа мислиш: ништо повеќе нема да биде исто?

Стронциум оттсутно почна да набројува факти поврзани со економијата и со скратувањата на човечките слободи. Па ненадејно констатира:

- Примети ли некој дека нè примија во НАТО? И дека добивме пристапни преговори со Европската Унија?

Му се завртев, проѕевајќи се:

- Да, но сега ништо веќе нема значење. И внимавај на менталното здравје, да не заболеш од просечност, како остатокот од светот. Просечноста е контагиозна исто како вирусов. Всушност, вирусот е во договор со просечните, со исплашените и сите оние загрижени дабари со маски што шетаат по улиците. Дај ѝ предност на смртта, така таа ќе те одбие, посакај ја - за повторно да те одбие!

Ел Нињо запрепастено се раздра, на интернет ги следеше кривите од графиконите, но тие, за жал, не се исправаа. Паѓаа сите негови инвестиции. Берзите се тресеа разлевајќи се како вулкански окна. Оној проклет полициски час му се виде како најголем можен апсурд. И понатаму луташе низ целиот град обидувајќи се да сврти некаков бизнис, но како сè да беше попусто. Сега сите никаквеци триумфираа, сите филозофи ликуваа, пејачите беа усидрени на балконите и се дереа со оние патетични баладерски песнички. Понекој од нив ќе се појавеше на видео со некаква новоизмислена песна за јакнење на моралот, но моралот веќе оддамна не живееше во овој век. Планетата беше ослободена од човечката наперченост и глупост. Сите митови за човечката надмоќ едноставно исчезнаа. Луѓето беа затекнато ужаснати од вирусот (којшто сепак не беше компјутерски ) бидејќи не можеше да се купи нова планета за да се избега од старава Земја. Беше чудесна лага дека Кинезите едноставно шетаат и сејат вируси по планетата, и беше наива приказната дека е пронајден „пациентот о“. Планот беше сите градови да се претворат во воени полиња, да се извадат војската и полицијата на улиците и да се промени филмот.

Ел Нињо со задоцнување го следеше обраќањето на папата Франсис од Ватикан. Беше тоа прекрасна фрагилна миса. Исполнета со покајничка сочувствителност и старечка изнемоштеност на првиот папа социјалист, пред едно дрвено распетие. Според традицијата распетието помогнало во далечната 1552 година, кога во градот Рим владеела чума. Цели 16 дена распетието го носела процесија низ Рим сè до денот на завршувањето на чумата.

Разни апокалиптични секти го воспеваа Ковид 19, па дури и измислија песна за него. Се редеа во црни миси и пееја: „Од-Ву-Хан до Мале-зи-ја дуп-ка-та на Кра-ли-цата-Рим -Лон-дон и Мос-ква ти си и во-Аф-ри-ка-По-ли-не-зија на-се-каде ќе би-деш-сла-вен ти-А-ме-ри-ка-Ав-стра-ли-ја на-се-каде ќе бидеш славен ти. Ти си ме-си-ја за пла-не-та-ва. До-бро-твор о наш Ко-виду. Ќе ги скро-тиш лу-ѓе-то осло-бо-диш Зе-мја-та од пре-на-се-ле-ност. Ти си спа-си-тел Наш... Ос-ло-бо-ди-нè од ја-ре-мот. Од сви-ња-та-Ка-пи-та-ли-сти-чка. Од из-ро-ди-те фа-ш-и-ст-ички. Од го-но-ре-ата на овој свет.“

Така тоа одеше на сите црни миси кои се здружија во уништувањето на овој свет. Тие влегуваа во подземните железници веќе заразени и таму ги лепеа своите секрети со надеж да заразат што повеќе луѓе. Некои, пак, излегуваа и ги симнуваа маските на луѓето плукајќи по нив. Борбата меѓу доброто и злото беше кренато на друго ниво. Апокалипсата беше донесена на библиски степен.

Сепак, јас сеуште се палев на пички, тверував дека единствено сексот ќе го извади најдоброто од човекот. Се држев до старите Соломонови формули, повремено повикувајќи ги ангелите, кои за некое чудо ми се јавуваа на јаве и ме убедуваа дека сè е во ред. Не знаев дали ми говорат на арамејски или македонски или тоа беше некој уште постар мистериозен јазик, што и не беше многу важно, бидејќи нивните насмевки ми изгледаа еротски. Телата на ангелите час се преплетуваа како во римските оргии, час се разголуваа и морфираа во прекрасни цветови. Гледав вагини и разни сексуални мутации. Но пак си бев некако подисплашен, можеби исплашен да не умрам трезен? Сексот ме одржуваше во живот и ми даваше надеж дека светот никогаш нема да престане да се ебе. Ебењето е цела наука, ја храни стамината, тие призори на пенетрација - секреција - овулација - сите дегенерично животински коитуси сигурно ќе нè донесат до повисока свест. Ете конечно и ние размислуваме како Европјаните, како Кананаитите - Египјаните и оние педерастични Старогрци. Станавме светски луѓе, радувајте се.

Слики: Gérard DuBois

 

ОкоБоли главаВицФото