Небесно орање

02.04.2020 13:01

Книжевноста за деца не е кума лиса и баба меца, таа треба да носи ука, или без или со многу бука. Малку бука не чини, ни денот – ден го дени, ни ноќта – да ја засени. Мустаќ да се усука, да се мисли-премисли, да се смисли какво семе да се засади во кое време. Книга-мига за да никне, за да цветне, за да летне и пак до нас да е, да нѐ мае; да се прочита и пак отворена да ни зјае. Да чекаме уште, да ни фали. Да нѐ гали, и големи и мали. Да ни влезе в сон и оттаму да изнесе смеа еден тон. В кревет да ни легне, по скришното да ни посегне; да нѐ храни, да не ни бара мани, да не ни вика „рано стани“, ништо да не ни брани.

Книжевноста за деца не е земно морање, таа е длабоко небесно орање.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото