Паралелни светови

03.04.20 11:10

Турскиот уметник и графички дизајнер Узур Галенкуш (Uğur Gallenkuş) користи поделени слики за да ги потенцира сериозните разлики меѓу земјите уништени од војната и привилегираните, мирни општества.

Во секоја од овие сложени слики, уметникот од Истанбул, раздвојува парче просперитет со непријатен документ за конфликт и сиромаштија за да покаже што го окупира вниманието и ги дефинира искуствата на луѓето ширум светот, во зависност од тоа каде живеат.

Галенкуш веќе неколку години ги создава овие поделени слики како личен проект. Сликите ги споделува со речиси половина милион следбеници на Инстаграм.

Во неодамнешното интервју тој вели: „Ако сакаме да живееме во мир и доверба, мора да имаме здраво знаење и емпатија. Погрешните и пристрасни информации и омразата уште повеќе ги влошуваат сите овие проблеми“.

Извор: thisiscolossal.com

 

Слични содржини

Фотографија / Око
Активизам / Око
Графички Дизајн / Уметност / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око

ОкоБоли главаВицФото