Конкурс за најдобар панграм #3

03.04.2020 17:34
Конкурс за најдобар панграм #3

Окно по трет пат распишува конкурс за панграми.

ПАНГРАМ е реченица што ги содржи СИТЕ букви од азбуката. Идеален панграм е онаа реченица со смисла, која ги содржи сите букви (31, во случајов) употребени само по еднаш. Ова веројатно е невозможен потфат, но ајде да се обидеме да склопиме панграм реченица составена од најмал број букви.

Правила на конкурсот: немаме ограничување на бројот на панграми што еден учесник може да ги испрати. Бројот на искористени букви за еден панграм го ограничуваме на максимум 70. Панграмите што ќе содржат повеќе од 70 букви нема да ги разгледуваме. Потсетуваме: македонската азбука содржи 31 буква.

Нашите критериуми при оценувањето на панграмите ќе бидат: краткоста (колку помалку букви тоа подобро), креативноста (јазична и друга), поетичноста, музикалноста, имагинативноста...

Ќе бидат избрани пет најдобри панграми. Вкупниот награден фонд изнесува 7000 денари. Најдобриот ќе биде награден со книги од издавачката куќа Темплум во вредност од 3000 денари, а останатите четири ќе добијат книги во вредност од по 1000 денари.

Панграмите ќе ги оценуваат уредниците на Окно.
Конкурсот трае до 18.04.2020.

Прогласување на победниците: 22.04.2020 на Окно.

Панграмите испраќајте ги на следнава адреса:

pangram.okno2020@gmail.com

Оние кои имаат потреба, можат да добијат и техничка помош за составување панграми, преку специјалниот ПанграмМК бројач, софтвер изработен од Џејсон Стит, а прилагоден во македонска верзија од „Кома“ и „Битсиа Системи“.

Подолу, потсетуваме на најдобрите панграми од прретходните два конкурси.

Наградените дела од првиот конкурс за панграм на Окно.

Наградените дела од вториот конкурс за панграм на Окно.