Минијатурни сцени од животот

07.04.20 11:00

Во последните 14 години, герила уметникот и минијатурист Слинкачу (Slinkachu) создава едвај забележителни сцени што треба да ги откријат случајните минувачи. Лондонскиот уметник користи мали модели, кои поради својата минијатурност создаваат хумористични сценарија.

Слинкачу во своите дела често ги коментира тековните настани во општеството и социјалната динамика. Така, неговата инсталација во Музејот за ликовни уметности во Гент, се состои од чанта ноншалантно поставена на клупата на галеријата, која, всушност е мета-галерија. Во внатрешноста на чантата, малите фигури наместо на уметничките дела се восхитуваат на познатите симболи на потрошувачка култура, како што се врамени кредитни картички или скулптури на кармин.

Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото