My curfew song (2)

07.04.2020 12:37
My curfew song (2)

ВАЖНО!
У случају заразе коронавирусом појести 1кг сувог кукуруза кокичара у зрну!
Не помаже апсолутно ничему али у случају кремирања биће спектакал!!!

Цимнато од твитер од некој тип со ник Сава Савановиќ, па уше и Други (утврдив дека има и Први дур го пребаруев никот за да го уснимам твитов).

Ја и сестра се убивме од клиберење, до снемуење воздух, па чак и на мајка ѝ го кажавме ко нè праша шо е, нејзе не ѝ беше смешно, она не ја споделуе нашата смисла за црн, ил' не дај боже, копролошки, хумор. Мислам дека тоа онака нејасно сме го наследиле од покојни отац, кој у ретките моменти на трезвеност и минускулна жеља да стапи интеракција со светов, знаеше да приреди солидно развиена саркастична „мала шала” у одлично одбран драмски моменат. Уствари, можда само регистерот сме го наследиле, пошо стариот никад не се клибереше. Неговиот беше бастеркитоновски приступ.

Со мајка споделуеме неподнесуење на оние мужине у црни одори, стариот беше ќутлив по том питању да не увреди фамилијарен успомен на чичко, дедо, прадедо и чукундедо, па чак и една тетка игуманија, шо се смуцале у тие облекла у име на рисјанска црква, сеа демек веќе вековно македонска, која шо меѓу другото, коа не кодошела раја кај Турците (част изузецима), била и матична служба, а сеа се шета со камионетчиња по сокаци и крши ванредни мерки на власва, пошо им се може.

И зато сме веќе договорени, пошо ние, захваљујуќи на погоренаведените типци неаме ни крематориум, ваљда ако букне коронова кај Минчо у печка ќе ги фрљаме умрениве, се надам уз благослов на овие истиве од горе, пошо не се сите антихристи и вештици ко нас, значи дека поп на погреб кај мајкица нема да се вика, ама она не знае дека, ако така ми дојде, јас ќе пробамбурам нешо пред ужалените, тоа за мојата да биде последна (добро је, уше планирам да ја надживеам).

Црниљациве настрана, или баш због заради тоа, се јавија од онкологија утре мајкица да се носи на компјутерска симулација за зрачење. Exciting times ahead!
После се наврзавме на муабет со сестра на кујнско масиче со некаква ракијетина у пластично шишенце ко за на беровски погреб, Бог да чува, не е ни уобичаената „пајовача”, а појма неам е ни кој ни го увалил. Ја иначе обично пијам релативно пристојно бело вино и поретко црно, а ракија пијам само у Берово, ал сад је таква ситуација, ко у рату.


Пази сеа килаво поврзуење на темиве, ал нема везе, бар у исти ден се дешава, се џавкав со еден на твитер денес за југословенски ратови, пошо нели имаше годишница од бомбардовање пред некој ден, ал за разлика од уобичаениот македоначко-вреѓачки denouement, по кој следи блок, ипак завршивме, не баш ко ортаци, ал барем ко раја шо може да живи један поред другога со извесна разбирачка, пошо ја сериозно више почнав да размишљам како ќе се живи после коронава, ал друк пут за тоа, а и типот ваљда укапира од развојот на настаните у разменава на твитови дека сум стварно антимилитарист и дека стилов ми е „како со дрндање да се извадиш од потенцијално убитачна ситуација”.

И ја и сестра ја разврзавме за убитачните ситуации и нивните происходи, нормално со примеси на црн хумор. Она го разврза за еден припадник на желките, Албанец, за кој баш не морам да ви објаснуем како го знаеме, не е од оние уобичаените „нашите”. И он има фамилија со смисла за црн хумор, а посебно еден од неговите браќа, иначе висок и сув, со кусо и дебело синче шо го малтретира да џогира у крукчиња пред него, а и овој желкава прошол секакви перипетии у живот, па и криминални, ко што то знае да биде у неговиот дел на светот, ете едниот од неговите браќа исчезнуе пред речиси дваес години у Америки, и толку од него.

Е, ама овој желкава кариерава низ сито и решето го научуе да приметуе една друкчија bigger picture, па одлучуе своите невероватни мускули, рефлекси и мозак да ѝ ги стави на располагање на државата, иако се разочаруе шо и покрај одличните перформанси не го примаат у некоја елитна единица, забораив која, пошо таа само за чистокрвни Македонци, и стануе желка, ама онаква рогобатна, шо му се курчи на новиот претпоставен кој шо е „пицопевац” (ја уствари не знам шо рекол он, она у наводници е дума шо сестра и ја сме ја научиле од татко, нехотимице, нормално), или пријавуе колеги шо се поврзуат со меџународни криминалци на албанска граница и такви работи. Она шо му поткинуе бунтовни крилца, иако уше е у желки, е кумановската епизода, кај шо беа испратени на клање. Колеги му рикаваат до него, а него му просвируе метак на сантим од фаца, праи рикошет од ѕидот зад него и му ја размрскуе слепоочницата, ал остануе жив, ал сега помучаљив, ваљда дур не му пукне филм у некоја друга убитачна ситуација.

А ја се надоврзав со Бил и неговите убитачни ситуации. Бил никад не бил војник, можда затоа не се снајде баш најбоље со нив, него новинар за Тајмс и Би-Би-Си и дечко на свекрва ми, која шо е исто новинар и жестоко заебан тип (ал она не е темава на ова), он анд оф некои 10 години. Ирац подријетлом, мислам, и дипломисан на Оксфорд, и тежок, ал веома атрактивен пијаница, кој на Пале, со Србендине шо пуцаа по Сарајево, беше развил и супердеструктивна хероинска навика. И сестра ми го упозна и го обожаваше, нормално, затоа и го дрфкавме. Ал ја се излајав, иако и ја лично мислев дека официјалната прича е дека баба ми е првиот мој мртовец, (5 души бевме собрани дур пушташе душа), а оно дубоко сум го потиснала еден претходен доживљај у замена со еден друг шо е поврзан и со Бил и со песмава шо ја постирам.


Значи Бил имаше една fairylike сестра Клер со анорексични ќерки и еден така згоден, ал апла неатрактивен, муж и модернистичка куќа од стакло и челик среде една типична енглеска низа од залепени викторијански куќи, пошо оригиналната ја стрефила бомба у други свецки рат. И она стално и се јавуеше на свекрва ми да го потприберуе Бил, оти нејзе не ја ебавал два посто и да го проверуе у станот на приземје на една исто таква викторијанска куќа у низа, ама у позаебаниот дел на Фулам, кај шо се преселил оти дилерката, Србинка, агаин!, му живеела на вториот спрат.
И еднаш така малце поише поисплашена се јави и плачеше на телефон и не знам зашо свекрва ми, која ни беше на гости, реши да нè земе и мене и Енглезон (можда предосеќаше дека ќе биде заебано ако иде сама). И така, она откључи со својот кључ од станот на Бил, кого го најдовме у ригор мортис и по малце подусмрден на софа у дневна. Она ѕверон свекрвински не се расплака тогаш, него се испојави кај шо требаше, па почна да му претура по куќа, кај шо најдовме неколку крвави пешкири у купатило и ништо, ама баш ништо, за јадење у кујна, ал затоа коа отвори шкафче у дневна и од него изврнаа куп празни мали вотки Смирноф, бувна да рика, за прв и последен пат у мое присуство. На крај собравме три големи црни вреќи вотки Смирноф шо беа изнабутани сегде на сите најнемогуќи места у станов.

Нејсе, идеме ние и на фенси и понси погребов на Бил, кого свите нешо ептен го заиспочитуваа вака рикнат, иако Би-Би-Си само шо го беше отпуштила, иако иако, да бидеме фер, претходно се убила од плаќање на доктори и психијатри за џабе. Важно вашево скопско сељаче, отко издрви и попот и фамилија и колеги и се отвори вратата од крематориумот со паклените пламења видљиви за цело време дур ковчегот на Бил споро клизеше унутра, остана подзинато коа засвира на сав глас стварва од подоле, пошо Бил тоа го навел ко своја жеља у својот фекин тестамент. Мени је баш било спектакал!

The Rolling Stones - Sympathy For The Devil (Official Lyric Video)

Слики: Zander Bice

 

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото