Утеха на косата

07.04.2020 21:43

Те гледав јас сношти. На сон. Тажна. Мртва.
Во одаја кобна, в идила од цвеќа,
ставена на одар, крај трепетна свеќа,
готов да ти дадам и живот за жртва.

Не проплакав. Само замелушен траев
в одајата кобна, полна смрт, и ѕемнев
в сомневање дека твојте очи темни
се јасни и дека во нив живот сјае.

Туку, сè е мртво: очи, раце, глас.
Сè што в слепа уплав и од мака дива
да оживеам сакав в нема очај јас.

Во одаја кобна сум и бол ме толчи,
сал косата твоја уште беше жива,
па рече: Во смртта се сонува. Молчи!

Препев: Гане Тодоровски

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото