Албум

09.04.2020 10:41

Никој во семејството не умрел од љубов.
Како било, било, но ништо за мит.
Ромеи на туберкулозата? Јулии на дифтеријата?
Некои дури доживеале длабока старост.
Никакви жртви на неодговарање
на писмо оросено со солзи!
На крајот секогаш се појавувале соседите
со ружите и биноклите.
Никаков недостиг на воздух во стилскиот орман
кога нагло би се вратил мажот на љубовницата!
Никого тие жипони, пелерини, волани, врвци
не спречиле да влезе на фотографијата.
И никогаш во душата на пеколниот Бош!
И никогаш со пиштол во градина!
(Умирале со куршум во черепот, но од други причини,
и на полски носилки.)
Дури и оваа, со екстатичната пунѓа
и со очите поднадуени како по бал,
отплови низ големиот крвоток,
но не кон тебе, танчеру, и не од тага.
Можеби некој, одамна, пред дагеротипиите ‒
но од овие во албумов, колку што знам, никој.
Се ругале над тагите, летале деновите,
а тие, помирени, умирале од грип.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото