Амстердам, прв во светот, ќе го имплементира моделот „крофна“

09.04.2020 13:33
Амстердам, прв во светот, ќе го имплементира моделот „крофна“

Размислувајќи за животот по пандемија, Амстердам реши да го прифати т.н. модел на „крофна“ што отфрла глобална поврзаност кон (неограничен) економски раст и законите за понуда и побарувачка и служи како упатство што може да покаже како е можно да се живее во рамнотежа со планетата.

Главната претпоставка за моделот е дека целта на економските активности треба да биде да се задоволат основните потреби на сите граѓани, но во рамките на можностите на планетите и планетарните граници.

Додека ја штитат безбедноста на граѓаните за време на пандемијата во холандскиот град, градските власти и британската економистка Кејт Раворт од Универзитетот Оксфорд планираат како ќе постапува градот по пандемијата. Раворт е автор на книгата „Крофна економија: Седум модели на размислување како економист од 21 век“.

Амстердам со тоа формално го прифати т.н. крофна модел, како почетна точка за одлуки на јавните политики, што го прави првиот град во светот што се обврзува на такво нешто.

Внатрешниот круг на „крофната“ го одредува минимумот што ни треба за да водиме добар живот, a што произлегува од целите на ООН за одржлив развој - од храна и чиста вода до одредено ниво на сместување, канализација, енергија, образование, здравство, родова еднаквост, приход.

Надворешниот круг на „крофната“ ја претставува еколошката горна граница, која ја одредиле научниците и ги претставува планетарните граници на системот, кои човечкиот род не смее да ги премине за да не наштети на климата, почвата, океаните, озонскиот слој и биодиверзитетот.

 Повеќе во: The Guardian

ОкоБоли главаВицФото