Авантуристичките библиотекарки на коњи

10.04.2020 18:22
Авантуристичките библиотекарки на коњи


Во 1930-тите, многу луѓе кои живеат во изолирани заедници имале многу слаб пристап до работни места, уште помалку до добро образование за нивните деца. Американското здружение на библиотекари во 1936 објавило податок дека третина од популацијата немала пристап до јавните библиотеки, а ситуацијата била особено лоша во руралното Кентаки, каде поради планинската верига Апалачи е географски изолиран од остатокот од земјата. Тамошните жители своите книги можеле да ги добијат само од еден извор – библиотекари на коњи.

Претседателот Френклин Рузвелт се обидувал да најде начин за разрешување на Големата депресија од 1930-тите, и како едно од решенијата била создадена иницијативата Pack Horse Library за да помогне во зголемувањето на писменоста на Американците, како би имале подобри шанси да се вработат.Вработените во оваа иницијатива биле главно жени. Овие авантуристки јавале до 120 милји неделно, без разлика на теренот или временските услови. Тие патувале преку калливи потоци и снежни ридови само да достават книги до луѓето во овие изолирани области. Понекогаш морале и да пешачат ако дестинацијата била тешко достапна за коњите.

Библиотекарките морале да им бидат локално познати на жителите во планините, инаку тие не би имале доверба во нив. Главното правило на иницијативата било дека во земјите каде биле доставувани книгите морало да постојат библиотеки. Многу од локалните училишта придонесувале со донирање книги, весници и списанија.

Програмата за коњичко доставување книги завршила во 1943 бидејќи вработеноста нагло пораснала за време на Втората светска војна.








Извор: historydaily.org

Слични содржини

Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Општество / Книжевност / Став
Книжевност / Култура / Историја
Книжевност / Наука / Историја
Психологија / Теорија / Историја
Книжевност / Историја
Култура / Историја

ОкоБоли главаВицФото