Медиум на друм (69): Виетнамското „напалм“ девојче

10.04.2020 18:57
Медиум на друм (69): Виетнамското „напалм“ девојче

Фотографите од Виетнамската војна главно не беа наместени и манипулативни. Тоа им даваше суштински морален авторитет.

Клучната фотографија за ужасот од Виетнамската војна е направена во 1972 година, од страна на Huỳnh Công Út (познат како Nick Ut). Прикажува деца од село штотуку бомбардирано со американски напалм; децата трчаат по некаков пат и врескаат од болка.

Фотографијата припаѓа на царството фотографии кои не можат да се инсценираат. Истото важи и за другите иконични слики од војните кои дојдоа потоа.

Фактот што имаше толку малку наместени воени фотографии од Виетнамската војна наведува дека фотографите сепак се придржувале до повисоките стандарди на новинарска чесност. Делумно ова може да се објасни со фактот што во Виетнам телевизијата стана главен медиум за прикажување слики од војната. Така што, бестрашниот осамен фотограф со Лајка или Никон во рака, кој поголемиот дел од времето работи надвор од видокругот, требаше да се бори и да ја издржи близината на ТВ екипите; сведочењето на војната тогаш беше, како никогаш порано, осаменички опасен потфат.

Денес техничките можностите за фалсификување или електронско манипулирање со фотографиите се поголеми од кога било порано – речиси неограничени. Но, практиката на создавање драматични слики во вестите, наместени за камерите, изгледа дека е на пат да стане изгубена уметност.

Избор: Фросина Крушкаровска
Превод: Владимир Јанковски
Гиф: Александар Јосифовски
Фотографии: Nick Ut (1972)
Извор за текстот: Сузан Сонтаг, За страдањето на другите (Темплум, 2006)

Медиум на друм (68): Сузан Сонтаг - За славната фотографија на Дејвид Сејмор

Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.

ОкоБоли главаВицФото