1004 hPa
81 %
7 °C
Скопје - Чет, 18.04.2024 00:59
Си бил еден император.
Бидејќи му било досадно, повремено организирал демократски расправи, пред палатата, во шатор. Со разни мезиња, меѓу другото и таратор. Имало и опсерватор, илустратор, интерпретатор и коментатор, колку да се запази процедурата и остави трага.
„Ти си окупатор, узурпатор колонизатор и диктатор!“, тврделе противниците во расправата, т.н. конспиратори.
„ Јас сум цивилизатор, иницијатор, реформатор, организатор и донатор“, сталожено одговарал императорот.
„Не, не! Ти си експлоататор!“
„Јок. Јас сум еманципатор!“, одговарал императорот.
„Терминатор!“
„Инспиратор. А вие сте конспиратори.“
И така пословично се расправале. Во шаторот, со таратур.
„А дали си едукатор, аниматор, стимулатор?!“, прашувале противниците.
„Можеби сум повеќе оратор, то ест декламатор и агитатор“, одговарал императорот.
„Вулгаризатор!“
„Креатор и координатор.“
„Рецитатор, имитатор, плагијатор, фалсификатор и провокатор!“, викале противниците.
„Не, не! Јас сум акумулатор и трансформатор!“, одговарал императорот.
„Ти си стерилизатор!“
„Можеби респиратор?“
„Вибратор!“
„Дијализатор? Дестилатор?“
„Детонатор!“
„Не претерувајте: повеќе сум декоратор отколку детонотор.“
„Куратор да не си, курајберу?!“, беснееле противниците.
„Нешто меѓу куратор и реализатор“, одговарал императорот.
„Ти си гребатор и гњаватор!“
„Можеби повеќе регулатор?!“
„Глуп ко радијатор! Или мотокултиватор...“
„Можеби повеќе оператор?!“
„Не, не! Ти си алигатор! И патор!“
Гифови: Kajetan Obarski