Страшниот лав

11.04.2020 17:20
Страшниот лав

Страшниот лав

Си бил еднаш еден лав...
Каков лав?
Страшен лав,
накострешен, сеел страв!

Страшно, страшно!

Да ти одел на три нозе,
да ти гледал на три очи,
да ти слушал на три уши...

Страшно, страшно!

Не прашувајте ‒ што јадел.
Тој ти јадел сè што најдел
‒ трамвај цел
и од облак дел!

Страшно, страшно!

Погледот зло му сјаел,
за милост тој не знаел!

Страшно страшно!

Додека Бране него
со гумата не го
избришал!

Страшно, страшно!


Штрк

Во природата гола
можат да се видат
ама секој има
само една нога.
Моравме да се докажеме
и мораше сè да се исповрзе
за конечно да ви прикажеме:
ШТРК на две нозе!

 


Питон

Змијава ПИТОН, мрзлива и дебела,
далеку од шума, трева, птици, ветар,
кога би сакала би можела да биде употребена
наместо кројачки жолт сантиметар.


Зебра

ЗЕБРА учи зебра
што е вистинска зебра.
Тоа е мудрост важна,
животна алгебра!
Оти, едно е муле,
друго е мазга,
а трето е ЗЕБРА,
која секогаш ја красат
црно‒ бели ребра.

 

Пуми

Убави, мали, ко мачки,
како кукли или играчки,
не од крпи, ниту од гума,
туку од вистинска мајка ПУМА,
од онаа зелена шума,
кајшто сонцето е како диња
а месечината како цвекло
– од каде што сме сите по потекло.


Алигатори

Секој ден негде чкрипи,
сè се движи, сè брза...
АЛИГАТОРОТ МИСИСИПИ
и неговата жена мрза
дремат, од сè изземени.

Секој ден негде кипи,
сè виси, сè се одврзало...
АЛИГАТОРОТ МИСИСИПИ
и неговата жена мрза
не брзаат ‒ не се современи!


Мајмуни

Дарвин тврдел
и на тоа си останал
дека првиот човек
од мајмун настанал.
Дали е тоа точно
сликите нека кажат
‒ ако Дарвин лаже
МАЈМУНИТЕ не лажат!


Превод: Пандалф Вулкански
Илустрации: Александар Иванов

Книгата „Синиот зајак“ содржи 65 песни. Преводот е на Пандалф Вулкански, а илустрациите на Александар Иванов. Книгата излезе во Темплум едицијата „Во пет кај вртелешките!“ Во истата едиција А. Иванов маестрално илустрираше уште две книги: „Глувци и мачки наопачки“ од Лука Паљетак (превод: П. Вулкански) и „Цветот што носи среќа“ од Михо Атанасовски.

ОкоБоли главаВицФото