1017 hPa
100 %
13 °C
Скопје - Нед, 09.11.2025 18:59

Вирусот стана сеприсутен. И физички и метафорички. А нашата тотална исповрзаност и преплетеност - меѓу луѓето, предметите и природата - го илустрира најдлабокото влијание на пандемијата врз нашите општества.
Затворањето во домовите стана можност за отворање нови перспективи и можност за нови размислувања или преиспитувања на нашите вредности, приоритети, ставови и стравови. Во фокус сега е нашата интеракција со природата, семејството, пријателите, нашето разбирање на слободата и политиката, грижата за менталното здравје... Просто сме натерани на интроспекција и на преиспитување на нашето однесување - што е добро.
За малите уметнички инсталации
Главниот лик е „научник“ во заштитна облека, и е персонификација на напорите на обичниот човек да се справи со предизвиците, да гo разбере и да се прилагоди на живеењето во времето на корона. Осаменоста, немата комуникација, понекогаш мрачната атмосфера, се контрастираат меѓусебно на фотографиите кои прикажуваат и среќни моменти, како што е допирот со природата или комуникацијата со пријател, но без вообичаениот човечки допир.
Криејќи се од вирусот, во постојани промени на расположението, ненадејно откриваме микро космоси кои обично ги занемаруваме. Гледајќи се себеси како предмет, нашите реакции и меѓуодноси ни се отвора фина подлога за размислување: во која насока ќе се промениме? Ќе станеме ли помудри по Корона изолацијата?
Сите инсталации и фотографии се направени дома, во Влае, во Скопје, за време на 61 часовниот карантин (10-12 април, 2020), т.е. полициски час.
Се надевам дека ќе уживате во уметничкиот проект!
Дејствувајте одговорно, останете дома и почитувајте ги препораката на медицинскиот персонал, научниците и надлежните органи.
Останете безбедени!
.jpg)
We & Nature
.jpg)
Mental Health
.jpg)
We & Nature
.jpg)
Exploring
.jpg)
Keeping distance
.jpg)
We & Nature
.jpg)
Taking Sample
.jpg)
We & Nature
.jpg)
Toilet paper phenomenon

Exploring

Education implication

We and Nature

Chemistry structures


Food

Exploring possibilities

Rakija as a protection from Coronavirus

Thniking

Art and Coronavirus

Coomunicatition

Nightmares

Consumerism

Interaction

Education

Look into the Future

Сите фотографии се бесплатни за повторно користење и споделување, под лиценца Attribution CC BY/ Задолжително наведување автор: Небојша Гелевски – Бане.