МВР: Да не се бега од затвор за време на полициски час

14.04.2020 01:02
МВР: Да не се бега од затвор за време на полициски час

На затвореникот од КПУ Идризово со инцијали И.З. му е изречена глоба од 2 000 евра бидејќи за време на полициски час ја напуштил својата ќелија и се движел по скопските улици. Како што информираше МВР, затвореникот не можел да издржи а да не ја прекрши забраната за движење и се решил да избега од затвор тукму во време на полициски час. Од МВР апелираат до затворенците да ги почитуваат мерките и да се воздржат од бегање од затвор за време на полицискиот час.

„Апелирам до сите затвореници да ги почитуваат мерките и да не бегаат од затвор токму за време на полицискиот час. Здравјето на граѓаните и борбата против ширење на Ковид-19 во моментов е најважна. Има време кога ќе се бега од затвор. Во овие тешки моменти мораме да најдеме начин како да бидеме стрпливи и сталожени. Секој може да најде занимација во затвор. Дали ќе купите телефон на црно од службените лица и ќе сурфате на интернет, или пак ќе читате книга или можеби ќе се тепате со цимерите… важно е да најдете начин како да го искористите времето продуктивно. Од сите нас зависи како ќе се избориме против ова зло.“ – изјави висок претставник од МВР.

Извор: https://www.kooperacija.mk