Резултати од анкетатa на ЈАДРО за ефектот на COVID-19 врз работата на културните работници и предлог-мерки

14.04.2020 13:09
Резултати од анкетат на ЈАДРО за ефектот на COVID-19 врз работата на културите работници и предлог-мерки

 

ЈАДРО - асоцијација на независната културна сцена подготви анкета „Ефектот на COVID-19 на животот и работата на уметниците и културните работници“ со цел да собере податоци и овозможи увид во штетата која ја трпат уметниците и културните рабоници на територијата на Република Северна Македонија од периодот на воведување на мерките за спречување на ширење на вирусот COVID-19.

Преку онлајн формулар, до 8 април беа собрани 130 одговори од поединци од областа на културата. Резултатите добиени од анкетата се однесуваат исклучиво на планирани активности во периодот од почетокот на негативните ефекти од ширењето на вирусот COVID-19.

Уметниците и културните работници кои одговорија на прашалникот индицираат дека повеќето од планираните активности (јавни настани, работилници и едукации, студиски посети, изложби и слично) нема да се реализираат во периодот додека траат вонредните мерки против ширење на вирусот COVID-19.

Одговорите на 130 испитаници, укажуваат дека најголем дел од испитаниците се невработени, вкупно 51 (односно 39.2%), а како вработени се изјасниле 31 испитаник (односно 23.8%) на кои може да се надоврзе и резултатот дека 18 испитаници (односно 13.8%) се со статус на самостојни уметници и трговци поединци. Резултатите укaжуваат на тоа дека приличен процент од испитаниците (околу 75%) ќе бидат опфатени со откажување на настаните на јавни места, односно нема да можат да добијат бенефиции за работа.

Од вкупно 130 испитаници, 116 (односно 89.2%) одговориле дека воведувањето на мерки за спречување на ширење на COVID-19 вирусот негативно влијаеле врз нивната работа.

Вкупно 108 испитаници (односно 83.1%) веќе почуствувале финансиска загуба. За 69 испитаници (односно 53.1%) целиот финансиски приход е загубен, 35 (односно 26.9%) одговориле дека го загубиле најголемиот дел од приходот. Најголемиот дел, вкупно 47 (односно 36.2%) испитаници имаат финансиски загуби помеѓу 30-60.000 денари, 25 (односно 19.2%) помеѓу 15-30.000 денари, 15 (односно 11.5%) помеѓу 60-120.000 денари.

Испитаниците детектираат дека освен организациите и организаторите на проекти загуба имаат и оние уметници или учесници кои биле поканети да земат учество во прокети и културни настани, кои во моментот не можат да бидат исплатени бидејќи не е извесно дали и кога тие настани ќе се одржат.



ПРЕДЛОГ НА МЕРКИ

1. Помош од Министерството за култура на Република Северна Македонија за 2020 година

• Министерството за култура да најде начин да го дистрибуира планираниот дел од буџетот за 2020 година, итно да се потпишат сите договори и да изврши итна исплата на одобрени и договорени средства по проекти за 2020 година за да им се овозможи на организациите (и на индивидуалците) да преживеат, да го задржат просторот и тимот.
• Да се дозволи договорните активности да бидат модифицирани со сродни активности, така што договорените средства да не мора да бидат вратени за неисполнување на обврските (на пр. за реализација на он-лајн програми и активности, признавање на домашни трошоци потребни за работа, итн.). Како и да им се овозможи на организациите и индивидуалците да предлагаат нови или дополнителни активности што можат да ги спроведат во рамки на поддршката што ја добиле.
• Доколку организациите имаат повеќе од една одобрена програма или проект финансиран од Министерството за култура, да се овозможи пренесување на средства од еден проект во друг, така што организациите да имаат поголема флексибилност во управувањето со добиените средства.
• Да се препознаат организациските трошоци како редовни трошоци на програмата во минимален износ од 30% и да се овозможи финансирање или кофинансирање на режиски трошоци (режиски трошоци за користење на домашен простор како работен простор, простор за изнајмување, плати на вработените, сметководство и сл.) преку одобрена поддршка од Министерството.
• Да се обезбеди плаќање на такси однапред (минимум 80%) во случаи на задоцнето спроведување на дејноста и доколку изведувачот процени дека програмата може соодветно да ја изврши со подоцнежен датум.
• Да се покаже флексибилност во временското и идејното спроведувањето на дадените индикатори на проектот бидејќи одреден број активности нема да биде можно да се извршат во планираната форма.
• Да се продолжи времето на извршување на програмата од страна на организации што ќе бидат спречени да ги реализираат своите активности поради затворени простори и слично.
• Да се признаат досега направените трошоци за организирање на активностите и програмите, и покрај откажувањата или доцнењата во нивната имплементација (на пр. откажани авионски билети, трошоци за тековно работење и слично).

2. Грантови од Европски фондови

• Да се забрза примената и имплементацијата на Конкурсот за медиуми на Заедницата 1 кој е во процес на евалуација и да се овозможи Медиуми на Заедницата да се користи како платформa за одржување на програмата.
• Да се забрза спроведувањето на објавените повици за ЕCF (European Culture Foundation) за млади, култура и граѓански активности, објавени за првата половина на 2020 година, со цел да се обезбедат дополнителни средства за работа.
• Да се олесни развојот на дигитални платформи/ дистрибутивни канали кои ќе овозможат одржување на дел од програмата во поинаква форма, а не само „во живо“, како и да се обезбеди финансирање на развој на дигитални платформи од средствата предвидени за „Заедницата медиуми 2“ во ЕCF (European Culture Foundation).
• Да се зголемат одобрените средства преку сите средства заради неможноста да се функционира предизвикани од откажување на сопствените приходи за учество што сочинуваат удел во целокупното организациско и програмско функционирање - во случаи кога средствата на
Министерството за култура и другите финансиери не се доволни да ги реализираат сите аспекти на програмата (на пр. 30% од договорените фондови)

3. Соработка со локална самоуправа

• Заложба на локално и регионално ниво средствата за програмските активности на здруженијата и поединците за 2020 година да не бидат намалени и да се апелира за исплата на заостанати исплати за 2019 година
• Препорака за предлози мерки за признавање на активности и трошоци за единиците на локалната и регионалната самоуправа, како и на сите други донатори на културниот и граѓанскиот сектор (вклучително и проекти за ЕСФ каде што Министерството за култура е ПТ1)
• Препорака до локалната самоуправа и Град Скопје и локалните општини, здруженијата што управуваат со нивните простории да бидат ослободени од плаќање на сите тековни долгови за изнајмување на простор и комунални услуги и до понатамошно запирање на наплата и плаќање на сите нови обврски поврзани со користењето на просторот
• Во соработка со единиците на локалната самоуправа и Министерството за државен имот, во случај на повторно започнување на програмата, заради очигледната просторна недоволности / пренатрупаност, да се обезбеди „фонд“ на простор кој ќе биде достапен за организации и независни уметници без одложување за употреба и бесплатно за изведба на планирани активности
• Препорака до ЗАМП (Здружение за заштита на авторски музички права) ослободување од плаќање на такси
• Да се воспостави соработка со програмата на МРТ во однос на дистрибуцијата на програмски содржини на МРТ.  

 

Целата анализа во pdf можете да ја преземете тука.

Слични содржини

Фотографија / Живот / Култура / Уметност
Свет / Наука

ОкоБоли главаВицФото