Интересно е што полицискиот час е посебно популарен во источна Европа

14.04.2020 15:37

Интересно е што полицискиот час е посебно популарен во источна Европа: во еден или друг облик, тој активно се применува и во Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Грузија. Во западна Европа, пак, според Википедија – вонреден извор во “вонредни” времиња – полициски час досега имало само во две земји: Кипар и Швајцарија.

Ваквата „железна завеса“ помеѓу „западот“ и „истокот“ покажува дека политичарите очигледно сметаат дека некои нации се поподатливи за нелиберални мерки од други. И тука доаѓаме до уште еден аспект од оваа криза кој воопшто не е вонреден. Коронавирусот всушност нѐ враќа на едно од најосновните политиколошки прашања: дали идеологијата е културолошки релативна?

Кристијан Фидановски, Окно, 14.04.20.