1021 hPa
93 %
8 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 01:59
Како бе не знае да готви, толку е убава?
Тенџере quality.
Му го отворив апетитот и си земав што ми требаше од него.
- Целиот кромид ќе го ставаш?
- Само главчето.
Лукот е важен дел од пинџурот на исхрана.
Раскажувач на лукави приказни: Таратор.
На моето мени за вечера имам леќа нок.
Јас да сум плачела?! Тоа се кромид вести.
Деактивирав бонбона.
Пастиља е бонбона што има завршено септолетка.
Извинете госпоѓо, за поседување мандало мора да ви наплатиме мандарина.
Имам пиено од многу туѓи вина и никогаш ме немаат фатено.
Пченката е повисока од пченицата зашто има корнфлекс на виша вредност.
- Знаеш ли дека во порција лубеница има само 40kcal?
- Држи вода.
-Како се викаат корнишони на слика?
-Пиксели краставички.
- Аман веќе, пак правев бурек и пак претерав со кори.
- Ништо де, не се прекорувај.
Кај си бе? Откако изгуби 10 кила послабо те гледам.
Не си здебелен, само борбата за опстанок ти добила пошироки размери.
*се качува на вага*
Ама добро ова сосе коски е.
Гифови: Young - Learn Something