Зајакот, чаирот и калдрмата

14.04.2020 20:02
Зајакот, чаирот и калдрмата...

Повторно ѝ ебавме мајка на чаршијата. По стоти пат 5/0 за нас, чаршијата повторно изгуби. Изгуби она од подамна со 3/0, 7/0, 100/0... Цела линија дуќани и објекти кои беа нејзин дел, и горе кај Буши и доле кај Дом на занаетчии и кај Менада и кај мушки пазар... Се глода однадвор по екстерната линија, чаршијата се лупи ко јаболко и само се намалуе и обезвреднуе, а од внатре скапуе ко круша од неповратно недоветни интервенции.

Е сега кај ја утнавме овој пат? Па ваљда кај тушот, пошто на новиве плочки само тушеви фалат па да биде ко купатилото кај мене у камп.

Заебанција на страна, овој страшен промашетак покажуе у какво срање, пардон стање, е културното наследство, кој за него се грижи и како.

Растегнете ме колку сакате ама ја ќе ви кажам: најмалце е крива општина Чаир (она за многу работи у чаршијата е крива пошто сите згради нови она ги дозволи, ама овој пате не е). Зошто?

Како иде постапката?

Еве ти си општина и викаш сакам да реконструирам. Државата ти вика: ОК, ама ти треба дозвола. Ок. Што треба за дозвола? Треба проект. Кому му се носи проектот? У конзерваторски и у управа?

Е сега, кој го праи проектот и кој го ревидира? Е тука почнуе да се мути водата. Ако си општина, кој сака може да праи проект, секое архитектонско студио може. Ама ако си приватно лице, верска установа, месна заедница, тогаш приватна фирма не може (на пример, Вила Марија винаријата со години не може да се реновира, вилата на принцезата во Демир Капија, токму заради ова). Тогаш мора надлежниот конзерваторски центар да го напраи проектот и да биде надзор. Затоа сега имаме селски улички подобро реконструирани од нашата ни чаршија.

И сега прашањето е: кој затаил кај вецето, то ест со травертинските плочки?

Има ли вина Управата? Да, зашто морала да го разгледа проектот; таму сигурно имало опис на ситуација: како, што ќе се става, форма, дебелина дали ќе се реди на тампон или на бетон (да, и бетонот може да е проблем бидејќи травертинот е порозен и кога е на бетон зиме ќе биде пун вода и на секој појак минус ќе пука). Дали ќе има канали за вода, струја, како тоа ќе се изведе, да не се прекопуе секоја втора година. Е сето тоа Управата секако го имала на увид, ама не го увидела најверојатно.

Има ли вина Градскиот конзерваторски центар? Да. Со оглед дека чаршијата е споменик на територија на Скопје директно надлежен е Градски конзерваторски центар. По правило и тие требало да се произнесат по проектот и да издадат мислење до Управата. Нејсе, и ако управата ги заобиколила овие работи градски конзерваторски центар мора да биде присутен на дневно ниво и да гледа што се работи на терен, како работат општината и фирмата. Кога виделе дека овие прават WC веднаш можеле да интервенираат и да побараат запирање на работите. Ако не можеле сами можеле од Национален конзерваторски да побараат да донесе решение или да направат ургентен допис до Управата, и на тој начин да превенираат срање.

Има ли вина Министерството за култура? Да. Иако директно е ненадлежно истото е шеф и директно е над Управата и конзерваторските центри. Секторот за заштита на културно наследство при Министерството би требало да има кооординација барем на неделно или месечно ниво и да биде детално информирано за вакви големи работи и проекти.

Има ли вина Национален конзерваторски центар? Да. Има надлежности, секако дел од процедурата го фаќа и националниот конзерваторски центар и таму проектот морал да помине и да го видат луѓе кои разбираат. Ама дали тоа се десило или некој само потпишал, е тука е друго прашање... Истово може да е случај и во градски конзерваторски – директорот потпишал, секретарката напраила одобрение, стручните служби заобиколени, иако за увидот градските конзерватори не можат да се извадат.

Има ли вина Донаторот? ЕУ, Светска банка или кој да е? Има ли вина и кај нив? Има, но само делумно зашто имаат експерти за разни области кои ревидираат проекти (поготово ако се работи за проекти од 10 мил еур, а викаат овој толку бил), ама за културно наследство им веруваат на надлежните. Значи, вина нема, освен морална одговорност. Ало абе кај се веруе бе на нашиве надлежни у култура... не е тоа земјоделие или здравство или финансии па да имаш институции, ние култура неаме сељаци сме... тешки!

Општина Чаир? Криви се оти се алчни тендераши. Ама немаат вина. Еве сеа ај кажете ми ако сиве надлежни горе кикснале што е крива општината освен што е лакома и со години ја уништуе чаршијата и си ја користи како касичка за пари од комуналии. Али факат немаат они стручен персонал за културно наследство. Можда и гледале и им изгледало ОК тоа со плочките и не е да им се љутиш, не се знајале. Ама се прашале тие што треба да знаат (управа/конзерваторски центри) и тие рекле ОК терајте.

Град Скопје? Овие па не ни знаеле дур не прочитале на ФБ нит им е у надлежност ниту имаат стручни луѓе во својата администрација, ниту имаат некаква посебна надлежност над градскиот конзерваторски центар.

Арно ама, никој ништо од ова не направил. Зошто - не знам, иако и национален и градски конзерваторски се на 300 метри од местото на злосторот. Ама добро познато е дека сме при очи слепи и при уши глуви.

А ако се прашувате каква врска има зајакот од почетокот на приказната со чаршијата, епа нема никаква, како што ни нашиве заштитари у задње време немаат врска со заштита.

 Фотографија: локално.мк

ОкоБоли главаВицФото