Животот на мачките

15.04.20 11:06

Книгата за њујоршкиот фотограф Волтер Чандоха (Walter Chandoha), насловена едноставно „Мачки“, која излезе во 2019 година, содржи фотографии на мачки кои се работени во период од 75 години. Некаде во 1950 година, во зимскиот снег, Чандоха нашол едно маче. Го посвоил и го нарекол Локо. Така започнал афинитетот на фотографот за документирањето на животот на мачките, кое продолжило до крајот на неговиот живот (2019, Њујорк).

Архивата на Чандоха содржи над 225.000 фотографии, вклучително и околу 90 000 кои ги прикажуваат неговите пријатели - мачките. Стотици од овие шармантни и искрени фотографии се дел од книгата фотографии објавена од „Ташен“, на авторките Сузан Михалс и Реуел Голден

Извор: thisiscolossal.com

Слични содржини

Фотографија / Квир / Око
Фотографија / Око
Активизам / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Книжевност / Око

ОкоБоли главаВицФото