Џиновски папаучи на плоштад - „Седете дома“

15.04.2020 11:37
Џиновски папаучи на плоштад „Седете дома“

Утрово на плоштадот во Скопје се појавија џиновски папучи. Се работи за уште една уметничката герила акција, насловена „Седете дома“ и е намента да им помогне на граѓаните да истраат во физичката излолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата.

„За претстава на оваа интервенција ги избравме папучите кои претставуваат синоним за останување дома но и синоним за почитување на мерките и наредбите бидејќи во Скопскиот сленг терминот папучар најчесто се користи за некој кој безпоговорно ги следи наредбите и советите а во овие мигови сметаме дека токму тоа ни е потребно.

Со оваа акција како и со предходната акција (Држете дистанца) сакаме да ги охрабриме граѓаните да издржат во оваа за сите нас многу важна битка но и да покажеме дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала.

Како и предходно и оваа акција ја посветуваме на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре на сите нас“, соопштија активистите.

Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапно и секвенцијално од страна на различни автори.

ОкоБоли главаВицФото